Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јане Чаловски на Биенале „D-0 ARK Underground“ во Сараево

0
By on April 26, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 26, 2013 17:52

Македонскиот уметник Јане Чаловски е дел од второто издание од Биеналето за современа уметност „D-0 ARK Underground во Сараево – Коњич“ кое се отвора денеска во Титовата атомска воена централа во Коњич.

Куратори на годинешното издание на Биеналето се Башак Шенова од Турција и Бранко Францеши од Хрватска кои вклучија 35 уметници од 19 земји. Од Македонија дел од Биеналето е само Чаловски со делото „Веројатен аранжман“ (Potential Arrangement)

Во рамките на второто издание на Биеналето e организирана и јавна програма која се одвива оваа седмица, а на која своја презентација и разговор со публиката има и Чаловски. Овој дел се одвива во периодот од 23. до 25 април, во Бошњачкиот институт Фондација „Адил Зулфикарпашиќ“.

Вториот дел од придружната програма на Биеналето е тркалезната маса на која ќе се разговара за улогата на Биеналето како институционален модел и одговорноста на кураторот, за образовната функција на Биеналето и начинот на работење во уметноста. Тркалезната маса има значајна и практична улога во запознавањето на студентите со некои од водечките историчари на уметност, куратори на други биеналиња, теоретичари и уметници.

Уметничката практика на Чаловски е насочена кон експериментални идеи често ситуирани во конкретна специфичност на нова културна и политичка географија адресирајќи ја нецеловитоста и недостигот од наративи и историја. Објектите, цртежите, видеата и инсталациите на Чаловски често произлегуваат од неговото континуирано искуство во различни интернационални контексти и биле изложувани интернационално на индивидуални и групни изложби како Tate Britain (Лондон), Музејот на современа уметност (Скопје), The European Kunsthalle (Келн), Contemporary Art Center (Вилнус), Kronika (Битом), Philadelphia Museum of Art, The Drawing Center (Њујорк) и други. Тој исто така изложувал и на Манифеста 3 (Љубљана, 2000) и Манифеста 7 (Болзано, 2008).

Титовото атомско засолниште наречено АРК, е изградено во периодот од 1953 до 1979 година, од страна на југословенската армија, како воен бункер со функција на главен центар за воени операции или воени команди и како засолниште за претседателот Јосип Броз Тито, неговото семејство и неговите најблиски соработници, во случај на војна. Засолништето окупира простор од 6500 м2, се состои од 12 поврзани блокови и може да згрижи 350 луѓе. Наликува на комплициран лавиринт, со резиденцијални простори, соби за конференции, канцеларии, соби за стратешко планирање и други функционални делови. Изградбата и постоењето на бункерот биле држани во тајност до 1990-тите години кога АРК било конечно откриено.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.