Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Браќата Стајковиќ и Жарко Луковски, овој жежок октомвриски ден

0
By Биљана Секуловска on October 1, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 1, 2016 10:08

Правдата има милост, ако решите да и служите. Тоа е добро секогаш да го имаа на ум браќата Стајковиќ и Луковски. И Камчев. Се друго е бесмислена завршница. 

Животот е апсурден, вреди ли да се живее, зошто воопшто живееме? Суштината, причините за нашето присуство на овој свет се мистерија, зошто не би ја разрешиле, со еден фин, отмен, галантен акт кон светот и кон филозофската мисла, да заврши оваа мизерија?

Самоубиството е мајката на сите решенија. Особено ако се викате Коста Крпач. Елеганцијата е во името и презимето, зарем не?

Конечно, сетете се како вели Албер Ками: Има само едно сериозно филозофско прашање: самоубиството. Од него се почнува и завршува и тој ги дава и одбива сите одговори.

Некому кој ова го чита веќе му станува здодевно ако низ филозофските височини се набљудува едно подло дело, но размислете малку.

Во тоа е и мајсторијата на прогласеното самоубиство на Крпач- бесмисленоста од тој воден живот под притисок може да доведе само до драматична смрт.

За да достигне свое крешчендо оваа трагедија, за да оглувите од иритирачките тонови, сепак мобилниот телефон на Крпач е пронајден, за разлика од оној на Никола Младенов, по неговата мистериозна сообраќајна несреќа.

Но,  ништо не е така како што на прв поглед се чини дека оди мазно. Се испоставува подоцна дека тој телефон на Крпач е неупотреблив, затоа што полицијата не може да го пробие пасвордот. Веќе ви кажав- животот е апсурден по самата своја дефиниција, зошто не би бил и еден банален пасворд суштинската појдовна точка на таа апсурдност? Или да скратам- да мислиш дека сите се глупави освен тебе, а притоа да си патетична, барем да беше гламурозна мафија, не е ли тоа вредно за хистерична смеа?

krpac_0

Но, полека, има и друга страна оваа мафијашка приказна, тогаш кога слабите, кревките, наивните и неконцентрираните со име Коста Крпач влетуваат. Пробајте да бидете само еден ден најбезначајното штрафче на мафијата, би било корисно да се знае дека сте заковани за нивниот куршум. Нивните лисици се и ваши лисици. Нивниот пиштол е оној кој ја чека вашата уста, вашиот граден кош, а може и слепоочницата, фино делува во филмски кадар.

Се сеќавате дека животот е мистерија која ги водела во очај филозофите? Видете, мафијата со потсмев аплаудира на ваквото ваше размислување. Таа би му вперила и пиштол на Албер Ками, затоа што, да не се лажеме- ќе ви рече, тој навистина не знае што зборува. Животот е елиминација на непотребните, ќе ви каже мафијата, се друго е губење време.

finziii

Ако ја прашате оваа наша мафија за уште двајца ликови во случајот Трезор (во него влегува и Крпач, сите тие се дел од бизнисот со фирми кои купуваат опрема за следење, славниот Финфишер), браќата Небојша и Владислав Стајковиќ, или за уште еден, Жарко Луковски, мафијата ќе ве погледне значајно. Хм, или за Орце Камчев.

Добро е да се преживее, само тоа ќе ви каже, прегрнувајќи ве толку силно, што земјата ќе почне да се тресе од звукот на пукањето на вашите коски. Таа прегратка е последното добро што можете да го имате од нив, ако не престанете да прашувате. Да зборувате воопшто.

albert-camus-the-stranger-480x321

Истрагата за Крпач не е затворена. Се бара хакер за пасвордот. А апсурдот, е, апсурдот е во следново. После 50 години, во медиумите отворен е повторно случајот на сообраќајната несреќа на Албер Ками. Постојат сведоштва дека Ками бил убиен од КГБ.

Во “Странецот” тој го погуби својот главен лик- еден незаинтересиран, апатичен лик, кому ништо не му беше важно и заради тоа што му пречеше сјајот на сонцето и жешкиот неподнослив ден, изврши убиство.

Исто како Странецот, и Крпач бил неприлагоден на заедницата на која и припаѓал. Доволно добра причина тој априлски ден да се донесе решение за самоубиство.

Причина за преживеаните да ја кренат чашата, на која почнува да и пречи ова денешно октомвриско сонце, таа почнува да паѓа. Во такви околности, кога жештината и светлината на сонцето ги пара очите, Ками мораше да го натера својот лик на убиство. Во нашиве околности, најдобро е да се посегне по правдата. Таа има милост, ако решите да и служите. Тоа е добро секогаш да го имаа на ум браќата Стајковиќ и Луковски. И Камчев. Се друго е бесмислена завршница. Инаку, на крај Ками е тој што ќе аплаудира.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.