НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Одложено судењето на Павле Богоевски

1
By Влатко Чаловски on October 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одложен е почетокот на судскиот процес против активистот на Шарената револуција Павле Богоевски кого Основното јавно обвинителство го товари за учество во толпа која ќе изврши кривично дело, поради нецелосното обвинение во кое не е наведена висината на наводно предизвиканата штета.

Според Обвинителството, Богоевски се обвинува за фрлање балони со боја кон Министерството за култура, чиј објект пак е прогласен за културното наследство.

Рочиштето сега е презакажано за 14 ноември во 11.30 часот, а како причина за денешното одложување се наведува тоа што ЈО од технички причини не овозможи сослушување на претставник на Министерството за култура кој треба да се произнесе за висината на нанесената штета.

Богоевски изјави дека тој на 14.ноември повторно ќе дојде во Судот, но дека ќе ја признае шетата тогаш кога, како што рече „криминалците од власта ќе одговаарат за своите дела“.

„Да, бев дел од групата којашто Зврлевски дрско ја нарекува толпа и не, не признавам вина за моето сторено поведение. По дефиниција, вина е општествен прекор. Не може да ме прекорува општеството чијшто правен систем дозволува здружението на Груевски 10 години да ја силува правдата во оваа држава и да ја киднапира секоја пора во нашето општество. Ќе прифатиме одговорност за своите постапки, но само кога Груевски и другите инкриминирано во објавените разговори ќе прифатат одговорност во судницата до мојата“, изјави тој.

Тој дополни и дека обвинителниот предлог, не само што е обид за политички мотивиран прогон врз луѓе коишто протестираат, туку и катастрофално лошо спремен и правно неиздржан.

„Во меѓувреме обвинителството на Зврлевски продолжува да го игнорира вистинскиот криминал во државата, продолжува да постапува исклучиво по налог на својот партискиот шеф, претседателот на партијата, но дојдовме тука за да кажеме дека сè додека нема да има правда, нема да има мир“, изјави Богоевски пред судот.

„Недостасуваше суштински елемент, а тоа е висината на штетата. Без тоа не може да се подигне обвиниение и да се води постапка за тоа кривично дело“, изјави веднаш по излегувањето од судот адвокатот во одбраната Сашко Дуковски, кој дополни дека засега имаат тројца сведоци но остава можност за вклучување и на други зависно од доказите на Обвинителството.

Присутна во судницата беше и првата жена на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска. Таа потенцираше дека Богоевски, како еден од најистакнатите активсти на Шарената револуција, бил гласот на револтот кон власта.

„Што е со снимките кои ги слушна цела Македонија? За корупцијата, за злоупотребата на службената должност? Ова е нелигитимен процес, процес кој е против народот на Република Македонија. Верувам дека постапката нема да го има ефектот кој го посакува власта, потенцираше Пировска.

За денеска закажаниот почеток на судењето на Богоевски предизвика голем медиумски интерес, а преходно пред Основниот суд Скопје 1 огромен број активисти од Шарената револуција се појавија со транспаренти да му дадат подрршка на активистот со порака дека и тие се учесници во толпа, дело за кое се товари Богоевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.