Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто треба да ни е важен Павле Богоевски

2
By Биљана Секуловска on October 8, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 8, 2016 11:18

 

Знаете, одамна не е веќе сериозно прашањето- Заев или Груевски, за кого би гласале? Одговорот на секој можен начин може да биде само еден- Слобода или Смрт, тоа е изборот и затоа беспредметен е секој понатамошен миг од секоја дебата.

Но, но. Пред да ме прогласите за преголем фаталист, за субјективен оценувач на состојбите, за драматичност, осврнете се околу себе.

Смртта за која говорам не е воопшто апстрактен поим, вештачки создадена, помеѓу два напишани пасоси, катастрофа.

Па да, само погледајте околу себе. Воздухот кој го дишете, а кој со години го игнорирате, болниците кои ги посетувате, а мислите дека превагнала судбината а не квалитетот на вашиот живот. А не катастрофата на вашиот еден живот, исполнет со страв.

Стравот да изговорите нечие име кое во моментов има моќ да ве слушне, да ве пријави, да ви се одмазди. Сонот да ви го одземе. За таква смрт говориме.

И сега, во самата суштина на оваа дилема- Заев или Груевски, кога станува збор за изборите, бомбите на првиот, на Заев, оние мини кои експлодираа во сечие уво, значи во сржта на изборот за слобода, беше Шарената револуција. Во неа беа сите шарени- партиска и непартиска опозиција, млади, стари, со диплома повеќе или помалку, итн.

А всушност, тоа беа сите кои одбиваат да бидат заробени, тоа се сите храбри и големи за оваа земја, најголеми, спремни да ги ослободат останатите заробени, а за кои имам огромно разбирање дека немале храброст.

Не говорам за оние кои мора да се предводници и предвесници на промени, на интелигенцијата. Не, никако тие. Говорам за задушениот, притиснат народ, кој нема кому да се обрати, кому да му го даде со изгубени раце ливчето за молба за поголема пензија, социјална помош, за исклучена струја. Патетично, смешно, тривијално кога ќе ја замислите таа изгубеност, во ред, можеби така мислите. Но, тоа не смее да се дозволи.

Политичките прогони за Шарените беа гарантирани не како казна за бунтовниците, туку како опомена, лекција за обичниот, мал човек.  Власта така го гледа граѓанинот, дека тоа е мал животец, дека не залсужува ни подобро од неговите секојдневни губења низ дневните лавиринти, кафкијанските вртења во непознати, темни и  непостоечки сопчиња, каде нема правда, логика, некаква совест. Само немир и неспокој и секојдневна шлаканица за животчето од кое треба да се плаши.

Последната закана за казна, веројатно се планира слична како на претходните притворени, се однесува на Павле Богоевски- Пајо. Тој сега е поинаква закана.

Неговото име, според најавите, треба да се најде на изборната листа на опозицискиот фронт, каде за прв пат, ќе влезат и непартиски имиња, образовани, млади луѓе, кои во својата биографија на прво место треба да ја запишат храброста, па потоа останатите, за почит квалификации.

Има една стара песна, некој стих на Брехт, кој на сите нас одамна, ни се има врежано во сеќавањата. Насловот е за нечиј вкус можеби претеран, особено во оваа земја, во земја во која пофалбите се последното нешто што се изговорува.

Но, сепак тоа е- “Пофалба на револуционерот”, прочитајте ги овие некои стихови.

Кога се зајакнува тлачењето,

Многумина се обесхрабруваат

Но, неговата храброст јакне

Тој ја организира својата борба

За надница, за вода за чај,

И за власт во земјата,

Тој го прашува сопствеништвото:

Од каде си?

Тој ги прашува надзорите:

Кому користите:

Таму каде секогаш се молчи-

Тој ќе говори.

Таму каде владее тлачењето

а зборуваат за судбина,

Тој ќе спомене имиња.

Таму каде што тој седнува на маса-

На маса седнува незадоволството.

Јадењето станува лошо

И паѓа во очи дека собата е мала.

Таму каде што го истеруваат-

си заминува побуната,

а оттаму од каде што е истеран-

Немирот сепак останува.

Ете, тоа се тие редови за Павле Богоевски и за сите Шарени, без кои и најголемата соба во која седиме, и оваа земја во која живееме, земјава на која поминуваме десетици години и знаеме дека ќе замине, се ќе беше најмалото, невидливо и тажно. Вреди да се размисли дали треба да се биде истеран од сопствениот живот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.