Новинарите, лекарите, дипломатите и судските работници се здружуваат преку своите синдикати за, како што велат, поефикасна борба за правата на работникот, но и сочувувањето на достоинството на истите.
Поттикнати од, како што оценуваат, крајно негативните трендови за влошување на условите за работа на сите работници во сите сектори, како и од отворените анти – синдикални активности што земаат замав,четирите синдикати: на новинари и медиумски работници, на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, синдикатот на македонската дипломатска служба и самостојниот синдикат на клиничките центри се согласија на заедничка повелба за солидарност.