Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јавноста има право да слушне необјавени бомби со криминал

0
By Нова ТВ on October 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 11, 2016 09:58

Законот за приватноста забранува објавување на нови необјавени аудио разговори од незаконското прислушување извршено од 2008-ма до 2015-та година. Но што ако нови „свиркачи“ објават нови бомби или пак ги достават до новинарите? Зошто само опозицијата би имала можност да објави бомби? Дали јавноста треба да ја слушне целата вистина?

Приказната за едни од најпознатите „свиркачи“ во историјата на Америка за која пишувавме вчера, носи многу поуки и за Македонија. Група млади граѓански активисти во 1971-ва година провалиле во една од канцелариите на ФБИ каде украле илјадници документи кои подоцна откриле дека ФБИ незаконски шпионирале илјадници американски граѓани.

И на американските медиуми им било забрането да ги објават документите на ФБИ бидејќи самите документи за нелегалните активности на ФБИ, биле добиени на нелегален начин – во организиран грабеж. Свиркачите, меѓу кои и Џон и Бони Рајнс за кои пишувавме вчера, ги предале документите на три медиуми – Њујорк Тајмс, Лос Анџелес Тајмс и Вашингтон пост. Но два од нив решиле да не ги објават, од страв дека објавувањето украдени документи е нелегално. Вашингтон пост донел спротивна одлука.

И историјата покажала дека биле во право со тоа што направиле преседан. Нивната одлука да ги објават украдените документи од ФБИ, потоа влијаела и на следната истражувачка сторија која ја променила Америка, а објавена од истиот весник – Вотергејт.

john-and-bonnie-raines-now

Уредниците и сопственичката на Пост одлучиле дека и покрај тоа што документите се украдени и стекнати на нелегален начин, она што го има во документите е поважно. Јавниот интерес за злоупотребите и незаконитото работење на ФБИ е поважен од дилемите за тоа како е дојдено до документите. Јавноста има право да знае за криминалот на луѓето кои ги водат институциите!

Македонија како млада земја, за разлика од Америка, нема големо искуство со свиркачите и заштитените сведоци. Бомбите за прв пат вистински ги отворија дилемите за приватноста, што е јавен интерес, како да се заштитат свиркачите и сведоците во вакви случаи итн.

Законот за приватноста забранува објавување на нови необјавени аудио разговори од незаконското прислушување извршено од 2008-ма до 2015-та година. Но што ако нови „свиркачи“ објават нови бомби или пак ги достават до новинарите? Зошто само опозицијата би имала можност да објави бомби? Дали јавноста треба да ја слушне целата вистина?

Венецијанска комисија: Материјали од јавен интерес не може да се забранат

Венецијанската комисија неодамна препорача итни промени на Законите за свиркачи (укажувачи) и приватност, токму поради тоа што јавниот интерес има приоритет пред приватниот и јавноста треба да слушне разговори во кои се кријат криминали.

„Законот за заштита на приватноста треба да дозволи објавување материјали кои ја тангираат јавноста и отвораат прашања од јавен интерес, со некои тесно дефинирани исклучоци, кои се однесуваат на јавните објавување на информации за интимните аспекти на приватниот и семејниот живот“

„Не треба да се исклучи објавувањето на такви материјали кои допираат прашања од јавен интерес, а ефективноста на специјалниот обвинител треба да биде обезбедена од страна на државата преку соодветен мандат, надлежности, финансиски средства и број на вработени“, гласат препораките на Венецијанската комисија.

Професорот Светомир Шкариќ во интервју за НОВА, неодамна истакна дека прва и најзначајна сугестија на анализата на Венецијанската комисија за законите, која патем самата држава ја побара е дека јавниот интерес има предност во однос на приватниот интерес.

„Иако законот за заштита на приватноста, заштита на личноста и на семејството има неспорна вредност и од гледиште на Европската конвенција, сепак, ако во разговорите што се водат во таа приватна сфера постојат некои индиции, кои го загрозуваат јавниот интерес или индиција за кривично дело, во таков случај тоа не може да има статус на приватен  интерес и мора да биде објавено во јавноста, новинарите се должни тоа да го изложат“, вели Шкариќ.

Венецијанската комисија побара за новинарите кои пишуваат за овие прашања да нема никаква забрана. Сегашниот закон им забранува на новинарите да пишуваат за снимките кои се уште не се објавени.

„Дури имаше интенции и да се забранат и веќе објавените снимки, имаше таков предлог и барање за кој Венецијанската комисија не може ни да помисли. Не може нешто што е од јавен интерес особено ако е врзано со криминал, да биде ставено ад акта“, вели Шкариќ.

Препораките на Венецијанската комисија за корекции и измени во овие закони засега се игнорираат од партиите. За тие да бидат коригирани, пратениците треба да ги изгласаат во Собранието. Искуството со измените за Законот за заштита на сведоци покажува дека партиите на власт немаат никаков интерес за тоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

ВЕСТИ May 26, 2026

Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои,…

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.