Швајцарецот беше во топ 4 од јуни во 2003 година, а Шпанецот од истиот месец во 2005
Роже Федерер и Рафаел Надал за првпат излегоа од водечката четворка светски тенисери по 13 години. Лидер е Новак Ѓоковиќ пред Енди Мари, Стен Вавринка и Кеи Нишикори. Шпанскиот тенисер падна на петтото место на најновата ранг АТП листа по поразот од Григор Димитров во четвртфиналето на „Кина опен“ во Пекинг.
Надал последниот гренд слем трофеј го освои на Ролан Гарос пред две години. Дел од квартетот најдобри беше од 5 јуни во 2005 година кога победи на отвореното тениско првенство на Франција на возраст од 19 години. Швајцарецот, моментно, е седми светски рекет. Во топ 4 беше од јуни во 2003 година по освојувањето на Вимблдон, прв од вкупно 16 гренд слем трофеи во неговата пребогата колекција.