Белгискиот репрезентативец го постигна најбрзиот гол во историјата на квалификацииите за светските фудбалски првенства
https://www.youtube.com/watch?v=cM9lKZoSyGs
Кристијан Бентеке е новиот рекордер во историјата на квалификациите за светските фудбалски првенства. Белгискиот репрезентативец погоди по само седум секунди игра во меот со Гибралтар.
Почетниот удар го имаше домашниот тим. Напаѓачот на Белгија успеа да ја украде топката, да влезе во противничкиот казнен простор, да го измами голманот и да ја смести топката во неговата мрежа.
За Бентеке ова е седма реализација во 27 настап за „црвените ѓаволи“ кои имаат максимален ефект по три одиграни меча во групата Х.