По средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека му порачал дека за да се усвојат новите закони за Специјалното јавно обвнителство, треба да се направи нов договор, бидејќи немало време.
– Имавме многу добра средба со Хан и заеднички став е дека веќе постигнатиот договор треба да се почитува од сите. Тоа е клучно за да се одржат фер и демократски избори, дополни тој.
Претходно Хан се сретна и со премиерот Емил Димитриев, со специјалната јавна обвинителка Катица јанева, со претставници на граѓанскиот сектор и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Последната средба ќе му биде со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во седиштето на партијата, по што е најавена прес-конференција.