НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владимир Атанасовски – директорот од ноќниот дуел СЈО-УБК

1
By Сашка Цветковска on October 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот директор на Агенцијата за финансиско разузнавање остави белег како личноста која го премолче својот мандат. Ниту афери, ниту иницијативи за некои од големите скандали со проневера на парите за патишта. Како тазе директор на УБК засега остави впечаток по полноќните кавги со Јанева. 

Тимот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) водено од Катица Јанева ја преседе цела ноќ во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) обидувајќи се да ја реализира судската наредба со којашто вчера попладне влезе во УБК со цел да се преземат податоци кои се релевантни за утврдување на одговорност за прислушуваните разговори.

Катица Јанева вчера обвини дека директорот на УБК, Владимир Атанасовски, ја опструира и не им дава пристап до документацијата и до системите за прислушување и покрај уредната судска наредба. Таа на два пати одржа прес-конференции пред Министерството за внатрешни работи за да ја извести јавноста дека директорот на УБК не соработува и не ги почитува судските наредби. Во ноќната сага во зградата на тајната полиција, се пожали и другата страна – и директорот Атанасовски обвини дека Катица Јанева правела циркус и им пречела во работата во УБК.

Името на новиот шеф на тајната полиција (популарно од УБК), Владимир Атанасовски, не е многу познато во јавноста. Пред да стапи на оваа функција тој беше директор на Агенцијата за финансиско разузнавање каде што во 2013 година го наследи Ване Цветанов. Познат беше по тоа што за време на раководењето со оваа институција не се одржа речиси ниту една прес-конференција, а новинарите мака мачеа да воспостават некаква соработка. Речиси и да не се знаеше што воопшто се работи таму.

За време на кампањата на Ѓорѓе Иванов за претседател, Атанасовски со него одеше во мали градови низ Македонија како придружба.

На позицијата директор на УБК беше поставен на 1 септември со одлука на владина седница, а пред него таму кратко седеше Љупчо Андоновски, кој дојде по Сашо Мијалков, контроверзниот братучед на Никола Груевски кој на столче седеше речиси една деценија.

„Атанасовски покажа квалитетни резултати на неговата претходна позиција и одговорно и посветено ја вршеше функцијата. Владата претпладнето на седница го именуваше за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Сметаме дека и на новата позиција ќе покаже високо ниво на професионализам и соодветно ќе ги изврши работните задачи“, изјави за МИА портпаролот на Владата Ѓорѓиев на 1 септември веднаш по именувањето на Атанасовски.

За Атанасовски, кој по потекло е од Делчево, нема многу податоци во медиумите, иако имаше висока позиција во борбата со криминалот, перење пари и финансирање на тероризам. Речиси не се појавуваше во јавноста, ниту пак обелодени дека води истрага за некој случај.

„Владимир Атанасовски поседува меѓународна лиценца за финансиски евалуатор издадаена од МАНИВАЛ Комитетот на Советот на Европа за борба против перење пари и финансирање тероризам. Од позначајните проекти кои се поврзуваат со неговата работа се воспоставувањето на сигурносната мрежа за комуникација со банките, имплементацијата на проектот Виртуелна технологија за управување со системот, копија и заштита на податоците“, беше соопштено од Владата при неговиот избор во 2013 година.

 

finansisko_razuznuvanje_1010_g11 (1)
Владимир Атанасовски (десно)

За него е познато дека првото работно место го доби во 2008 година во тогашната Управата за спречување перење пари, на 26 години, веднаш по завршувањето на Економскиот факултет во Скопје. Пред да стане директор бил советник во Одделението за меѓународна соработка.

Неговото име се спомена кога „пукна“ аферата Актор и кога медиумите бараа одговори од Атанасовски што презема Управата за овој милионски скандал. Дури по неколкудневни прозивки оттаму се огласија со соопштение дека Управата за финансиско разузнавање на 11 Ноември 2013 година отворила предмет за испитување на случајот и утврдување на сите факти, како и евентуално утврдување на постоење на одговорност. Но, поминаа повеќе години, а опозицијата објави и документи дека 3,5 милиони евра од парите за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица биле извадени во кеш од ангажираната градежна компанија „Актор“ и завршиле во нечии приватни џебови, но се уште нема информација до каде е истрагата и дали има осомничени.

Тие молче, иако имаше шпекулации дека ја замрзнале истрагата за проневера на пари во изградбата на патиштата кои ги правеше сега банкротираната „Алпине“, но Агенцијата ниту потврдуваше ниту негираше дека презема нешто во врска со овој случај кој прерасна во регионална афера. (Прочитајте детално за големата афера која во соработка со новинари од регионот и светот ја работеа и новинари на НОВАТВ)

Балканската црна дупка на „Алпине бау“

 

Откриен „хаос“ во скопската подружница на австриската Алпине

Алпине Бау и балканското семејство

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.