НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО почнува истраги за Сончев град и Музејот на ВМРО

10
By Нова ТВ on October 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

СЈО денеска објави дека отвора две нови истраги под име Топ лик и Тендери, кои се однесуваат на населбата Сончев град во Сопиште и за градежни работи на Музејот на македонската борба поради основани соменија за кривични дела со кои е оштетен Буџетот на РМ и е прекршен законот за јавни набавки.

Според обвинитеката Фатиме Фетаи првите луѓе на Министерствата за транспор и врски и за култура како и членовите на тамошните комисии за јавни набавки се осомничени за злоупотреба на службената должност и положба.

Случајот Топ лик се однесува на периодот од 3.04.2007 до 18.02. 2013 година, каде првоосомничениот како раководно лице во Министерството за транспорт и врски и пет члена на тамошната комисија за јавни набавки ја злоупотребиле службената положба иако биле свесни за тоа, донеле одлука за исплата на 64.206.839 денари или еден милион евра со што го оштетиле Буџетот на РМ.

Како што беше образложено, според документацијата откако првата Комисија укажала дека не се исполнети условите за спроведување на јавно наддавање за продажба на државно земјиште, на 3.04. 2007 година првоосомничениот составил нова комисија и преку неа и покрај недостатоците е спроведено јавно наддавање и е склучен договор за продажба на земјиштето.

Еден ден по склучување на договор на 4.04 2007 година, второосомничениот како претседател на комисијата и останатите членови иако знаеле дека не се исполнети условите за тоа и спротивно на законот за продажба на градежно земјиште сопственост на РМ  во весниците меѓу кои Дневник и Фајненшел Тајм објавиле оглас за јавно наддавање за земјиште за резиденцијална населба Сончев град.

На 14.05 2007 година организирано е јавно наддавање по што комисијата составила извештај дека биле исполнети условите и дека е избран најповолниот понудувач со кого да биде склучен договор.

На 8.06. 2007 склучен е договор со Сан сити ДООО Скопје за отуѓување на земјиштето.

Но на 20.7. 2011 година договорот бил раскинат, бидејќи како што рече обвинителката Фетаи, новиот сопственик компанијата Сан сити не можела да го спроведе договорот поради недостатоците кои ги навела и првата комисија во Министерството за транспорт.

Поради раскинување на договорот, Министерството морало да исплати затезна камета и на 18.2. 2011 година од сметката на Министерството за транспорт на сметката на Сан сити се префрлени 64.206. 839 денари или еден милион евра, со што директно е оштетен  Буцетот на РМ.

Втората истрага е под име Тендери и се однесува на периодот од 14.6. 2011 до 31.12. 2013 година во Скопје каде првоосомничено е раководното лице во Министерството за култура и тројца членови на тамошната комисија за јавни набавки, под сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и за фирмата ГТД Бетон  Штип АД Штип прибавиле корист со нејзино фаворизирање за извршување на завршни градежни работи на објектот на Музејот на револуционерната борба.

Според обвинителката Фетаи, постои основано сомнение дека пред да се објави договор за доделување на јавна набавка, спротивно на законите за конкурентност и за јавни набавки, пред да се донесе одлука за јавна набавка првоосомничената како раководно лице во Министерството за култура донела одлука оваа фирма да ја заврши работата.

Според доказниот материјал, на 14.6. 2011 година преку телефонска комуникација со сведокот, тогашен генерален директор на Бетон Штип, првоосомничената предложила фиормата која претходно била ангажирана за други градежни работи, да ги заврши и дополнителните.

Таа му кажала на сведокот дека средила со комисијата, откако же се објави огласот, договорот да го добие Бетон Штип.

На 20.6. 2011 година Бетон Штип доставила понуда и формално влегла на огласот кој како што рече Фетаи бил составен според она што го понудила оваа фирма.

И покрај тоа што комисијата знаела за начинот на кој е составен огласот, сепак изготвила извештај за спроведената постапка според кој најповолен понудувач е избрана ГТД Бетон Штип и на 26.7. 2011 година одлука за избор, а на 5.08. 2011 година е склучен договор за изведување на завршни градежни работи.

Според овој договор на ГТД Бетон Штип на 31.12. 2013 година му се исплатени 54.501.336 денари.

Со ваквите дејствиа, според обвинителката Фетаи, има основано сомнение за злоупотреба на службената положба за дел од осмоничените во овој предмет.

Фетаи најави дека ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство на осомничените.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.