Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Управен суд: Одбиено право на глас на нашинец од Германија

0
By Соња Трајковска on October 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 26, 2016 18:23

Управниот суд денеска донесе прва пресуда по тужба од граѓанин кој се жалел дека му е повредено гласачкото право.

Тужбата ја поднел Александар Ангеловски од Делчево, против Решението на Државната изборна комисија со кое бил одбиен да биде запишан во Избирачки список и да може да гласа во Дипломатско конзуларното претставништво на РМ во Минхен на предвремените парламентарни избори во декември.

Управниот суд ја одбил тужбата на Ангеловски како неоснована и ја потврдил одлуката на ДИК донесена на 24 октомври годинава.

Како причина се наведува дека со тоа што документацијата не била преведена на македонски јазик судот не бил во можност да утврди дека се работи за потребната документација што Ангеловски требало да ја достави преку веб апликацијата на интернет сајтот на Државната изборна комисија за јавен увид на избирачкиот список и за пријавување за гласање, во својство на државјанин на Република Македонија со привремен престој во странство повеќе од 1 година.

Иако Судот потврдува дека има доставено документација на странски јазик за која наведува дека преставува договор за работа од 18.03.2015 година, склучен со Германска фирма TDK и дозвола за престој од 29.05.2013 година, сепак укажува дека „документот од 18.03.2015 година, склучен со Германска фирма TDK на кој се повикува тужителот има само датум од 18.03.2015 година што не значи дека истиот преставува документ како доказ за престој во странство и тоа: документ/потврда или копија од документот за докажување на привремен престој во странство повеќе од 3 месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од 1 година или дозвола за престој или работа во странство издадена од надлежен орган на соодветната држава, односно копија од дозволата за престој или работа во странство. Истото ова се однесува и на вториот  доставен документ кој тужителот го насловува како дозвола за престој од 29.05.2013 година. Наведеното дотолку повеќе што во тужбата истиот посочува дека овој документ е со датум од 29.01.2013 година,а таков документ со тој датум нема во списите на предметот, односно документот приложен кон тужбата и списите е со датум од 29.05.2013 година“, се наведува во пресудата од Управниот суд.

Инаку ова е прва ваква преуда од нашинци од дојаспората кои пред Управниот суд ги оспоруваат решенијата на ДИК за повредна на гласачкото право.

Неофицијално, во следните 24 часа се очекува до Управниот суд да пристигнат стотици тужби, бидејќи само до ДИК досега има околу 1.000 вакви претставки, а Комисијата наводно донела решенија за околу половина. ДИК има рок од 24 часа до одлулува по нив, а исто толкав рок има и Управниот суд. Одлуките на управниот суд се конечни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.