Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: За решение за името очекувам повеќе од Грција

0
By Нова ТВ on May 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 7, 2013 09:27

Со едночасовно обраќање во Школата за меѓународни студии на универзитетот Џонс Хопкинс, лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети го почна тридневниот престој во Вашингтон, во рамките на кои треба да има средби со функционери и советници во Стејт департментот, Секретаријатот за одбрана и Конгресот на САД, јавува МИА.

Ахмети ги истакна промените постигнати со Охридскиот рамковен договор, за кој рече дека отворени прашања гледа во статусот на албанскиот јазик и потребата од натамошни вработувања на етнички Албанци во јавната администрација, и рече дека во САД е да работи и на подобрување на имиџот на Македонија кон светот.

– Албанија е членка на НАТО и би биле многу среќни доколку почне преговори со Европската Унија, за што е потребно донесувањето на само два закони. Косово треба да биде признаено и да стане членка на Обединетите нации, а по преговорите за укинување на визите да почнат и преговорите за членство во Европската Унија.

– За Албанците во Македонија, потребно е целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор, да бидат рамноправни со Македонците. Денес е времето на конечно помирување меѓу нациите на Балканот, на стогодишнината од почнувањето на крвавите војни на Балканот, кога сите бевме жртви, и Албанците и Македонците и другите. Ако можеа Франција и Германија да ја укинат меѓусебната граница, на места каде што илјадници деца биле убиени во војните меѓу нив, зошто да не можеме и ние? Сум рекол дека, ако сакаме голема Албанија, таа може да ја имаме само во Европската Унија, од Атина до Стокхолм, изјави Ахмети, на прашањето за тоа каде ја гледа иднината на албанската заедница во регионот.

Според лидерот на ДУИ, спорот за името е тежок проблем, прашање за кое тој лично не можел да поверува дека воопшто е поставено, и кое треба да се надмине со компромис на двете страни. Ахмети рече дека има разбирање за ставовите на етничките Македонци.

– Албанците никогаш не го оспорувале идентитетот на своите сограѓани, Македонците. Ние сме единствената нација која не го доведува во прашање идентитетот на нашите сограѓани и соседи. Прашањето за името е пречка за членство во НАТО и за отворање на преговорите со ЕУ. Веруваме дека членството на нашата земја во НАТО е добро не само за нас, туку и за регионот, во кој ќе имаме повеќе инвестиции и стабилност. Ние немаме длабоки разлики со нашиот коалициски партнер околу името, и двете партии сакаме решение и интеграции во НАТО и во Европската Унија, но во исто време треба да сме храбри, да се создаде посигурен живот, мир и стабилност, изјави Ахмети. Во дискусијата за спорот за името, Ахмети се соочи со претставник на грчката Панмакедонска асоцијација во САД, кој настапи со обвинувања за национализам од македонска страна. Ахмети побара поглавјето со спорот да се заврши и оцени дека очекувал повеќе од Грција.

Али Ахмети, кој во Вашингтон допатува придружуван од вицепремиерот Муса Џафери и неговиот шеф на кабинет Артан Груби, беше прашан и за инцидентот во Собранието на 24 декември за што рече дека е дел од проблемите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и вината ја префрли врз опозицискиот Социјал-демократски сојуз на Македонија. Истакна дека настанот го нарушил угледот на Македонија.

– Опозицијата реши да го бојкотира донесувањето на буџетот. Можеби имаа проценка дека со неизгласување на буџетот, тоа ќе ги одложеше локалните избори, и со тоа ќе добијат можност да победат. Јас не се согласував со ова. Дали ние влеговме во замка? Да, мислам дека влеговме. Одговорноста е на власта, и јас сум дел од власта. Но, настанот се преувеличува од опозицијата. Јас имав средби со Бранко Црвенковски, со кого сум соработувал четири години, и многу отворено му реков дека не избрал добар начин да победи на изборите.

– Црвенковски ја загуби поддршката, стратегијата која сакаше да ја спроведе, за предвремени избори беше многу тешка за спроведување и за добивање победа. Му реков дека ниту теоретски не може да победи на изборите и место тоа му побарав да се фокусираме на спорот за името, кој бара политички и етнички консензус. На крајот, Црвенковски не освои ниту два проценти од општините во Македонија. Ако треба да објаснуваме во детали, да кажеме дека и нашите пратеници беа изложени на психолошки терор, добиваа СМС пораки од пратениците на СДСМ дека треба да го напуштат Собранието, бидејќи во спротивно „сите ќе бидете изгорени“, изјави Ахмети, кој воедно го осуди отстранувањето на новинарите од собраниската сала, велејќи дека и самиот не би знаел како би реагирал во таква ситуација во која имало страв од поголем судир.

Ахмети ќе се сретне со заменикот помошник државен секретар Филип Рикер, заменикот помошник секретар за одбрана Евелин Фаркас, советници за национална безбедност во кабинетот на потпретседателот Џо Бајден, конгресменот од Њујорк Елиот Енгел кој е ко-претседател на албанската група во Конгресот на САД, и со други американски функционери. На крајот на посетата, предвидено е Ахмети во Њујорк да се сретне со посредникот во спорот за името Метју Нимиц. Во текот на викендот, Ахмети имаше средби со албанските здруженија во Чикаго, каде се сретна со група иселеници од Кичево.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.