Извештајот на државната ревизија каде се нотирани недоследности во работата на Министерството за образование стигна во Основното јавно обвинителство и до Државната комисија за спречување на корупцијата. Од обвинителството, како што јавува 24 вести, велат дека извештајот е распределен кај јавен обвинител и сега е предмет на разгледување и детална анализа.
Доколку се утврдат елементи на сторено кривично дело ОЈО ќе започне постапка согласно законските надлежности. Зависно од видот на кривичното дело ќе се постапуваа соодветно според Законот за кривична постапка, велат од ОЈО.
Министерот за образование, Пиштар Љутфиу, тврди дека ниту еден денар од Министерството не бил потрошен без покритие, но во иднина ќе бидат повнимателни како и каде се трошат државните пари.
Според ревизорскиот извештај, во Министерството за образование биле потрошени 203. 000 евра на хотели, ресторани, превоз, како и на плати за вработени, за кои немало соодветна документација. Неправилното работење и пропустите се случувале за време на мандатот на поранешниот министер Абдилаќим Адеми и актуелниот Пиштар Љутфиу.