По 13 титули во Премиер лигата, и две во Лигата на шампионите, најуспешниот тренер во Англискиот фудбал, сер Алекс Фергусон се пензионира.
„Размислив добро и одлуката е во вистинско време. Многу важно за мене е организацијата да ја оставам во одлична состојба, и верувам дека тоа го направив. Квалитетот на овој тим, и балансот во староста оди добро со постојаниот успех на највисоко ниво а структурата во младинската Академија овозможува светла иднина за овој клуб.“
„Во првите години на моето менаџирање, поддршката од бордот, особено Сер Боби Чарлтон, ми ја даде потребната доверба како и времето да изградам целосен фудбалски клуб а не само фудбалски тим“, вели Фергусон.
„Преку последнава декада, фамилијата Глејзер ми овозможи база за менаџирање на Манчестер Јунајтед, со која ми беше овозможена да менаџирам со најдоброто од себе и ја имав таа среќа да работам со Извршниот директор Давид Гил. Благодарен сум им на сите.
Фергусон до фановите – Ви благодарам на сите. Поддршката која ми ја дававате во сите овие години навистина беше огромна. Ми беше чест и голема привилегија што ја имав можноста да го водам ваштио клуб и засекогаш ќе остане дел од мене.
Фергусон нагласува дека улогата Директор и Амбасадор на клубот ги презема со задоволство по крајот на оваа сезона.
Официјално Сер Алекс Фергусон се пензионира, потврдено од Манчестер Јунајтед
Што изјавија соработниците на Фергусон за неговoтo богато остварување