Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отказ за негувателката која го изгоре детето со кафе во градинка

2
By Менче Атанасова Точи on November 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 2, 2016 15:59

Отказ од работа ќе добие негувателката која вчера истурила врело кафе врз лицето на детето додека тоа спиело во своето креветче во детската градинка „Чекорче“, клон на градинката „Срничка“ во скопската населба Аеродром.

Ова за НОВА го изјави директорот на градинката, Јоаким Димулков.

Тој потврди дека денеска во градинката дошла инспекција од Министерството за труд и социјала токму за овој случај.

„ Негователката ќе добие отказ од работа и тоа ќе биде завршено до крајот на работниот ден. Постапката е во тек, запазени се сите законски процедури и нема ништо да криеме. Се работи за здравјето на нашите деца и нема да толерираме вакви неодговорни работи“, изјави за НОВА Димулков.

Настанот се случил вчера во занималната на постара предучилишна група. Додека едно од девојчињата лежела во своето креветче, негователката влегла со филџан штотуку сварено кафе иако не било време за пауза. Во еден момент филџанот со врело кафе се истурил врз левата страна од лицето и окото на девојчето. Девојчето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на окото и левата јаболчница, по што било однесено на Клиниката детска хурургија од страна на родителите.

Според информациите на НОВА негователката била примена на работа пред шест години, а била на возраст од околу 40 години.

Случајот беше обелоденет во Билтенот на МВР бидејќи родителите го пријавиле што се случило со нивното дете. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.