НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Груевски молчи кој му нудел 3 милиони евра мито

0
By Нова ТВ on May 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, одговарајќи на новинарски прашања за изјавата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во која го повикува Жерновски да престане со политиканство и да пријави кој му нудел мито, одговори дека оваа кампања против него ќе трае 4 години бидејќи власта не може да прежали што го загуби Центар.

„Не можам да ја разберам нивната опсесија со Центар“, рече градоначалникот Жерновски.
Посочи дека министерката Јанкуловска пред да поставува прашања треба да одговори кој е наредбодавач и извршител на проектот „Пустец“. Жерновски бараше средба со министерката на која треба да одговори, кој дозволи во исти ден да се издадат лични карти на жители на Пустец и кој ги смести овие луѓе, по 60-тина на иста адреса, а некои и во станови на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. За ова, досега Јанкуловска молчи.

Потоа, вели Жерновски, ќе можеме да разговараме. А околу „принципиелноста“ на власта, посочи на случај од 2007 година, кога српски милијардер бараше премиерот Никола Груевски да каже кој му нудел мито од 3 милиони евра, како што самиот изјавил.

„Компанијата „Делта“ бараше од Груевски да го посочи изворот и посредникот. Од тогаш поминаа 6 години, а Груевски молчи. Кога Груевски и Јанкуловски ќе дадат одговор, можеме да седнеме и да разговараме“, изјави Жерновски.

Ревизија за работењето на општина Центар во претходниот мандат, ќе има и тоа скоро. Јавноста ќе знае кој ќе ја изврши.

„Јас добив мандат од граѓаните на Центар да расчистам со урбаната мафија, и никој и ништо нема да ме поколеба во тоа“, дециден е Жерновски.

Во врска со вчерашниот напад од Јанкуловска за уривање на споменици на бранители и борци, градоначалникот на Центар одговори дека никогаш не кажал дека ќе урива.

Граѓаните ќе се изјаснат дали на некои од спомениците им е тука местото. Најсериозна опција за изјаснување е Референдум, посочи Жерновски.

Инаку, денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска го повика градоначалникот Андреј Жерновски да пријави кој му нудел мито за бизнис интереси и да не ја залажува јавноста.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025

Макрон за Путин: Тој е предатор и чудовиште / Реагираше Москва

August 30, 2025
ФОКУС

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

ВЕСТИ August 31, 2025

Овој 1. септември не го означуваме почетокот на учебната година, туку 10 месеци од падот…

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

August 28, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.