Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов бара извинување од ВМРО-НП, партијата не се повлекува

0
By Нова ТВ on May 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 8, 2013 18:31

Претседателот Ѓорге Иванов бара јавно извинување од ВМРО-НП до сите бранители, до членовите на семејството на претседателот што во 2001 беа на браникот на татковината, како и извинување до него лично како граѓанин и како претседател на Република Македонија.

„Во спротивно, ВМРО-НП ќе се соочи со тужба за клевета“, соопштува Кабинетот на претседателот, по обвинувањата на партијата дека Иванов бранителите за време на конфликтот во 2001 година, ги нарекувал убијци и криминалци.

„На лидерот на ВМРО-народна партија би му порачале наместо да шири клевети од најнизок вид, да размисли за своите постапки во 2001, за договорите за поделба на државата и размена на население и територии“, велат од претседателскиот кабинет.

Партијата ВМРО-НП не се повлече од своите ставови за улогата на Иванов во конфликтот 2001 година

„По повод реакцијата на господинот Горги Иванов, ВМРО-Народна партија му порачува слободно нека отпочнува какви сака процеси затоа што постојат многу новинари, но и јавни политички личности кои ги убедувал во тие негови ставови изнесени во нашето претходно соопштение.

Исто така ке му ги посочиме и луѓето преку кои лобирал за неговиот брат кој бил мобилизиран, преку врски да биде повлечен додека вистинските бранители гинеа“, пишува во соопштението на ВМРО-НП.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

ВЕСТИ June 25, 2026

Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните години, откако два силни…

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.