НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европските новинари со критика кон Груевски

0
By Нова ТВ on May 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската федерација на новинари (ЕФН) реагира на нападот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ врз Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, кога во неодамнешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во кое Синдикатот беше наречен таканаречен синдикат, кој е самостоен само во својот назив, јавува Радио Слободна Европа

Во писмото адресирано до премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и до директорот на Центарот за комуникации на владејачката партија Илија Димовски, претседателот на ЕФН Арне Конинг пишува дека Федерацијата била изненадена од исклучително негативните коментари за Новинарскиот синдикат:

„Сметаме дека на ваквата изјава од политички лидер ѝ недостасува почит кон работата, ако не дури и кон самото постоење на синдикатите во државата, во момент кога Парламентот и граѓанските организации дискутираат за нацрт-закон што ќе ја одреди иднината на медиумскиот пејзаж.

Како Европска федерација на новинарски организации, ние целосно го поддржуваме ССНМ во неговата напорна работа за права на новинарите на работното место, во правната средина и во општеството како целина. Имајќи ја лично видено работата на ССНМ и неговото раководство во Скопје, би сакал да додадам дека нивната самостојност е всушност од огромна вредност во високо политизираниот контекст на Република Македонија“, пишува Конинг.

Тој вели дека ЕФН ги поддржува медиумските реформи и дијалогот помеѓу неговите две членки – Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари, како и властите на Република Македонија.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го нападна Новинарскиот синдикат по повикот на Интернет порталите на Светскиот ден на слободата на печат – 3 мај, да ги затемнат 24 часа своите страници и со тоа симболично да покажат во каква состојба се наоѓаат македонските медиуми, а во знак на протест поради новиот закон за медиуми кој пропишува регулација токму и на интернет просторот.

-Таканаречениот Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници предводен од Тамара Чаусидис, очигледно е дека единствената своја самостојност ја има исклучиво во својот назив. На целата јавност во Македонија и е кристално јасно дека овој т.н. синдикат не е ниту самостоен, ниту независен. Тој од ден на ден станува се повидлив продолжеток на СДСМ за манипулација врз јавноста“, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.