Најмалку 27 лица се повредени во железничка несреќа во Русија. Едно лице се смета за исчезнато. Речиси 3.000 лиѓе се евакуирани од околното подрачје.
Според руските медиуми, на југот на земјата, во покраината Ростов, ноќеска околу 2 часот, дошло до излетување на теретниот воз со 71 вагон од шините. Над 50 вагови со гориво излетале од шините, а 10 од нив се запалиле. Пожарот е локализиран околу 6 часот наутро.
27 лица се примени во болница со повреди и изгореници. Од нив 11, влучувајќи го и машиновозачот задржани се на боничко лекување. Еден човек е во критичка состојба.
Точната причина за несреќата за сега не е позната. Според првичните информации, по излетувањето на вагоните не дошло до експлозија, туку само до пожар. Пропанот кој се излеал од еден од вагоните предизвикал брзо ширење на пожарот.