НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Примената на “Прибе” услов за препораката

1
By Светлана Јовановска on November 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија повторно доби условена препорака и куп критики.

Ова го потврди и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во говорот во Европскиот парламент.

Македонија има шанса да ја надмине политичката криза со кредибилни избори. Препораката за почеток на преговори останува под услов целосно да се имплеметира Договорот од Пржино и ургентинтни реформи, рече Јоханес Хан.

Висок дипломатски извор од Европската комисија (ЕК) изјави дека од македонските политичари се бара да им излезат во пресрет на барањата на Катица Јанева и нејзината екипа. Во овогодишниот извештај повторно му се дава поддршка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и ќе се побара продолжување на рокот за поднесување на обвиненија како потребата да се усвои законот за заштита на сведоци.

Според истиот извор, Брисел очекува дека изборите ќе бидат добри поради тоа што овој пат тие биле добро подготвени. Тоа ќе и овозможи на меѓународната заедница да даде позитивна оценка за изборите. И на Брисел да направи нов извештај и условената препорака да ја врати во чиста препорака како што тоа беше случај во текот на шест години.

Според високиот функционер на ЕК “изборите не се крај на кризата туку почеток на излезот од кризата”.

Владеењето на правото во Македонија повторно добива лоша оценка. Така на пример, Комисијата подвлекува дека “судскиот систем назадува од 2014″ а “власта не покажала политичка волја за решавање проблемите” од извештајот на Прибе.

“Земјата е соочена со најострата политичка криза од 2001 година досега. Демократијата и владеењето на правото се постојано под предизвик особено поради заробената држава која влијае на функционирањето на демократските институции и клучните области во државата. Земјата страда од политичката култура на поделби и недостиг на капацитет за компромис”, вели извештајот.

Спас се Пржино и Прибе

На крајот на овој долг и мрачен тунел, Комисијата гледа спас во договорот од Пржино и примената извештајот на Прибе. Според високиот функционер со кој НОВА разговараше “изборите не се крај на кризата туку почеток на излезот од кризата”.

Меѓуетничката ситуација е понатаму е чувствителна а “Охридскиот договор треба да биде комплетиран на транспарентен и инклузивен начин”.

Понатаму, во јавната администрација е забележан недоволен напредок во примената на препораките на Комисијата од минатата година. “Наместо да бидат суспендирани, времените договори и понатаму се трансформираат во постојани”, потоа се критикува “употребата на јавниот сектор како политички инструмент” или “притисокот врз вработените во јавниот сектор” или “политизирањето на јавната администрација во изборна година”.

Комисијата смета дека граѓанското општество игра важна улога во демократските процеси и им дава рамнотежа. Граѓанското општество е загрижено поради влошувањето на политичката клима во која тие работат, поради “лимитираната определба на владата да влезе во дијалог” како и поради тоа политичарите и провладините медиуми јавно го напаѓаат граѓанските организации. Накусо, на Комисијата воопшто не и се допаѓаат нападите од типот “соросоиди”.

Судството назадува

Пречките на кои наиде СЈО покажаа дека судството не е независно, бележи Брисел. Тоа мора да се реши исто како и селективната правда.

Во судството состојбата назадува. Успехот на претходните децении во оваа област «се нарушени од постојаното политичко мешање во работата на судството». Извештајот додава дека «пречките на кои наидува СЈО покажаа дека има потреба ефикасно да се реши недостигот на независност на судството и да се превенира селективната правда».

“Корупцијата и понатаму преовладува и останува да биде сериозен проблем”, вели извештајот. И додава дека закони има но политичкото мешање во работата на Антикорупциската комисија го намалуваат резултатот на нивната работа.

Корупцијата преовладува во многу области. И понатаму е сериозен проблем. Се уште нема видливи резултати особено кај случаите со високите функционери а во борбата против организираниот криминал потребен е поголем капацитет за истрага на финансискиот криминал и конфискацијата.

Комисијата констатира дека човековите права на маргинализираните граѓани се уште не се заштитени.

Слободата на изразување и состојбата на медиумите е сериозен предизвик во актуелната политичка криза, вели Комисијата.

Економијата не напредува

Економијата, како и секоја година, добива оценка од ЕК. Македонија е на добро ниво на подготовка за функционална пазарна економија но “не е направен напредок кон функционална пазарна економија во изминатиот период”. Макро економската стабилност е сочувана и зајакната, пред се поради поддршката на големите трошоци за инфраструктурата и странските инвестиции. Сепак, ЕК констатира дека во првата половина на 2016 година «знаци на слабост» биле забележани.

Критиките во областа на економијата се однесуваат на високата невработеност, особено кај младите. Компетитивноста на домашниот приватен сектор е ниска поради големата сива економија и тешкиот пристап до финансирање.

Менаџирањето на јавните финансии не се подобри и јавниот долг продолжи да расте.

Економијата страда од лошо образование, недостиг на иновации и малку инвестиции во инфраструкурата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.