Арбен Адеми е еден од директорите кој беше разрешен од веднаш по назначувањето на Невзат Бејта за градоначалник на Гостивар.
Адеми кој три и пол години беше директор на гимназијата во Гостивар е разрешен без знаење на училишниот одбор, а сеуште не бил формиран ниту советот на општината. Адеми кој денес јавно проговори за случајот вели дека образложението на градоначалникот било дека тој не успеал да ја реализира програмата за работа на училиштето.
Покрај него уште првиот ден од седнувањето во градоначалничката фотеља Бејта ги разреши и директорите на основните и средните училишта вкупно петмина, сите од партијата на Руфи Османи . Двајца од нив добија отказ од работа.
-Разрешувањето е незаконско и затоа јавно ги повикувам органите на прогонот да си ја завршат својата работа. Ние се обратовме до сите надлежни институции во државата, но досега никој не дошол да го испита случајот. Писмено не известија дека состојбата се следи изјави за НОВА Адеми.
Бејта освен директорите од работа отпушти уште 200 вработени во градот. Се правдаше дека им завршиле договорите за работа.