НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска отпатува на итна средба во Струмица

0
By Биљана Секуловска on May 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавата за повлекување на кандидатурата за лидер на СДСМ на Заев не е конечна одлука, а таа ќе биде на дневен ред на средбата помеѓу него и Радмила Шеќеринска, денеска во Струмица, брифираат извори од СДСМ за НОВА.

Според овие извори, главниот проблем за Заев се меѓупартиските битки и нефер кампањата на одредени кандидати во која всушност, за да се задоволат амбиците и на сите претенденти за прв човек на СДСМ и да не се создаде дополнителен раздор, се разговара за поделба на функциите со што сите засегнати страни би ја делеле моќта а и со тоа би постигнале единство.

Од друга страна пак, други извори од СДСМ брифираат дека синоќешниот потег на Заев е далеку од реален и дека всушност значи притисок до раководството но и до членовите за да се алармира начинот на кој се одвива претседателската трка, а со кој всушност не е е воопшто задоволен и со тоа би се мобилизирало членството.

До вечер ќе се знае дали Заев се откажува од кандидатурата

Зоран Заев ја повлекува кандидатурата за лидер на СДСМ

Во целата констелација на односи, моќта на Црвенковски е најголемиот предизвик за кандидатите, кои на разни начини се обидуваат или да ја неутрализираат ако веќе не можат да ја анулираат, други пак да ја наследат: Оние кои сакаат комплетни промени се обидуваат да создадат простор за целосна реформа во партијата согласно сопствениот авторитет и харизма, додека оние наклонетите кон него да го искористат за свои цели- со неговиот авторитет и харизма да го привлечат членството и да лобираат за своја победа.

Крајниот рок и конечниот епилог ќе биде познат на 16 мај, кога веќе ќе се кристализираат конечните кандидати и нивниот распоред на силите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.