НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словенија нема да ѝ го предаде Митја Валиќ на Македонија

0
By Нова ТВ on May 10, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Словенечките власти го примија дописот за меѓународната потерница против Митја Валиќ, која преку Еуропол ја распиша Македонија, но велат дека нема основ словенечкиот државјанин да и биде предаден на земјава зашто не сме членка на ЕУ.

Валиќ, според македонските власти, е замешан во аферата за перење на околу 1 милион евра, пари во сопственост на словенечки „Меркатор“, а кои од компанијата се земени на име на посредување на кипарска фирма со македонската држава, на кој директор беше Валиќ и која е во сопственост на „Меркатор“, за потоа Словенците да можат да го раскинат договорот претходно склучен за купување земјиште.

Македонската полиција тврди дека договорот претходно бил раскинат и немало потреба од посредување и наплата за таква услуга. Заради ова, полицијата презеде акција под кодно име „Агент“ во која беа уапсени шест лица, меѓу кои и поранешниот директор на ДБК, Слободан Богоевски, како и адвокатите Владо Пешликовски и Васко Томановиќ. Полицијата извести и дека земените пари се поделени меѓу лицата замешани во аферата. На 19-ти април, на овие три лица и на уште двајца други им беше одреден 30-дневен привтор, додека едно лице е пуштено да се брани од слобода.

И покрај приемот на меѓународната потреница, словенечката полиција нема преземено ништо за апсењето на Валиќ.

– Со оглед на тоа што Република Македонија не е членка на Европската унија, Словенија не може да ѝ израчува свои државјани. Ако се покаже дека казнивото дејство, за кое го бараат македонските органи, важи за казниво и кај нас, Македонија може прогонот да ѝ го отстапи на словенечката полиција – изјави за љубљански „Финанце“ претставничката за односи со јавност во генералната полициска управа во Љубљана, Весна Дроле.

Валиќ, пак, во меѓувреме го има напуштено „Меркатор“ и ја врши функцијата директор во Директоратот за инвестиции во тамошното Министерство за образование, наука и технологија.

– За тоа не знам ништо, затоа немам што да коментирам – вели Валиќ за „Финанце“ и додава дека, ако е потребно, ќе соработува со органите на прогонот. Тој повторува дека својата поранешна функција во „Меркатор“ ја вршел во склад со законот.

Пред две недели Валиќ рече дека земјиштето е купено пред тој да стапи на функција во Македонија, како и дека купопродажбата е ревидирана од надворешна ревизорска куќа, чиј извештај е доставен до управата на компанијата.

Љубљанско „Дело“, пак, тогаш извести како од неофицијални извори дознава дека апсењата во овој случај се локална македонска работа и дека „Меркатор“ во нив е колатерална штета, но тоа не значи дека компанијата не била оштетена.

„Меркатор“ пак, тогаш објасни дека за оваа истрага не знаат ништо и дека не се официјално известени од никого .Тие додаваат дека во 2009 година купиле земјиште со големина од 10.971 метар квадратен од македонското Министерство за транспорт и врски, како и дека на почетокот од 2012 се одлучиле да се повлечат од македонскиот пазар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.