НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарите: не се точни податоците на Тодоров

0
By Менче Атанасова Точи on May 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лекарите од Градската општа болница“ 8 Септември“категорички демантираат дека внесувале повеќе интервенции од што направиле откако министерот Тодоров ги обвини дека ги лажирале податоците за проектот “плаќање по учинок“.

Тие тврдат дека инспекторите при контролите не ги користеле целосните податоци, туку само дел од нив кои што се внесени во информатичкиот систем. Лекарите велат дека има податоци кои се внесувани рачно во записниците и бараат утре изутрина инспекторите повторно да дојдат во болницата и да си ја завршат работата што не ја сработиле.

-Не е точно дека има лажирање на бодовите. Податоците кои ги изнесе министерот Тодоров се паушални и не се точни. Ние ги проверивме податоците особено на гастроентерхепатологија и утврдивме дека има неевидентирани податоци од страна на контролорите велат за НОВА лекари од болницата.

Дознаваме дека Тодоров се согласил и утре изутрина инспециските служби повторно ќе контролираат во оваа болница. Неофицијално, Тодоров дури се заканил дека ќе го разреши и директорот доколку се докаже дека 70 проценти од лекарите ги лажирале податоците.
Од друга страна доцна попладне пристигна реакција од министерот Тодоров во која вината за бурната реакција од оваа болница ја фрли врз дел од медиумите за кои тврди дека не ги пренеле информациите како што треба.

-Апелираме до сите медиуми при известувањето за актуелната состојба информациите да ги пренесуваат во целост и во духот во кој се дадени, да не се вадат од контекс со што се доведуваат во заблуда граѓаните и се создава непотребен револт кај здравствените работници и пациентите се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Од таму потенцираат дека контролите не се насочени против лекарите туку за да се спречат можните штетни последици од неточното внесување на податоци.

Инаку, целата лавина започна откако една лекарка од очното оделение била пријавена од своите колеги дека внесувала лажни податоци. Раководството на болницата за НОВА го потврди случајот и откри дека и покрај предупредувањето таа несакала да ги коригира податоците. Станува збор за блиска роднина на актуелен директор на една клиника, реформатор и член на владеачката ВМРО ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.