Делегација на Европскиот парламент денеска ќе престојува во еднодневна посета на Македонија, пред претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 11.декември.
Европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан ќе се сретнат со лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и со претставници на граѓанското општество.
Известувачот за напредокот на Република Македонија во Европскиот парламент европратеникот Иво Вајгл, непосредно пред посетата изрази оптимизам дека изборите закажани за 11 декември ќе бидат демократски и транспарентни, што е услов за земјата за продолжување по патот кон европската и евроатланстката интеграција.
Попладнево тие ќе одржат заедничка прес конференција.




