Многу ви благодарам за денешната покана. Особено ме радува што можам во својство на вашата сестринска партија да бидам вечерва ваш гостин. Особено сме среќни што е Македонија на добар пат кон Европската Унија. Ние сме многу среќни што Македонија е многу важен партнер за нас во Австрија, ова го рече австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, кој присуствува на вечерашниот голем митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.
Курц е во првите редови на митингот заедно со министерот за надворешни работи и кандидат во првата изборна единица, Никола Попоски. Зад него може да се видат партиските знамиња и големи икони со светци веднаш до турските знамиња, а до него се Амди Бајрам, Сашо Мијалков, премиерот Емил Димитриев и други функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Курц и се заблагодари на партијата за големата поддршка во бегалската криза во 2015 и 2016 година.