Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија и во 2016 – рекордер по смртност на доенчиња

0
By Менче Атанасова Точи on December 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 7, 2016 18:03

Македонија годинава повторно ќе биде рекордер по смртност  на новороденчиња. Иако статистичките податоци за годинава се уште не се изготвени, стручњаците предвидуваат дека  смртноста на доенчињата годинава најверојатно ќе достигне рекордни 11 промили на 1000 родени деца, што е највисок просек досега..  Последното тромесечје во државата починале 90 новороденчиња, што з а разлика од минатата година е за два и пол пати повеќе.

„Да точно е дека е зголемена смртноста кај доенчињата и тaa во третиот квартал изнесува  90 починати бебиња. Но, ќе треба да почекаме да заврши годината и да се направи анализа, да видиме  колку ќе изнесува стапката на смртност за годинава. Најверојатно ќе биде поголема од 2015 та година кога имаше намалување на 8,9“, изјави за НОВА, доктор Бранкица Младеновиќ од Заводот за заштита на мајки и деца.

Податоците кои се нотираат од Државниот завод за статистика покажуваат дека смртноста е најголема во првата недела од животот, а како најголеми причини стручњаците ги наведуваат недоносеноста која учествува со 70 проценти, аномалиите со 12 проценти, инфекциите, односно сепсата која се движи меѓу 5 и 7 проценти, а останатите 1о проценти остануваат на породилните трауми, задушувањата и слично.

Но, она што е фрапантно, е дека една од најголемите причини  за смртност на новороденчиња е породувањето со царски рез кој во нашата  држава учествува со 35 проценти  од сите породувања.   Статистичките податоци покажуваат дека царскиот рез кој најчесто се прави по желба на родилките, во приватните болници изнесува неверојатни 70 проценти од сите породувања. Овој наплив на породувања со царски рез ги загрижува стручњаците кои работат на оваа проблематика.

„Царскиот рез е голем ризик за смртност кај новороденчињата  и затоа мајките треба да се информираат дека не треба да бараат царски рез без потреба и себе  и бебињата  да се изложуваат на ризик. Ако гинеколозите не смислат како да ги одвратат, треба да смислиме некој друг начин како да ја подигнеме свесноста од штетноста од царски рез. Процентот е многу голем во приватните болници и изнесува  дури 70 проценти од сите породувања. Но и на ниво на држава е доста висок и изнесува 35 до 40 проценти. Препораките на СЗО и гинеколошките здруженија се таа стапка да биде најмногу 15 проценти, “рече докторка Младеновиќ.

Таа нагласува дека ризик за доенечката смртност е и зголемениот број на жени кои раѓаат над 40 тата година, како и ин витро оплодувањето.

Поради загрижувачките податоци за доенечката смртност која и покрај осцилациите,  во последните 10 години е многу висока, со посебен акцент на последните години,  формирана е група од експерти од различни области кои ќе се обучуваат да направат подлабока анализа за прецизно да се видат причините за високиот процент на смртност на новороденчињата. Работната група се уште не е тргната на терен по болниците.

Иако европскиот просек на перинатална смртност(мртво родени, умрени во првите шест дена по породување) изнесува 5, 2 а во некои од високо развиените земји  2 промили, во Македонија тој просек е многу висок. Во 2014 година стапката на перинатална  смртност изнесува 12,7 промили на 1000 родени деца.

новороденчиња рекордер смртност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.