Во предизборието и после тоа, провладите медиуму делумно известувале за работата на канцеларијата на Народниот правобранител. Најголем број од прилозите за обдусманот биле објавени на Телма и 24 Вести, стои во извештајот кој бил спроведен врз 12 медиуми во кои се истражувало како медиумите известуваат во предизборието за работата и активностите на народниот правобранител. НВО Инфоцентарот, во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“, поддржан од Амбасадата на САД во периодот од 1 ноември до 15 декември 2016 година, го набљудуваше известувањето на медиумите за работата на Народниот правобранител.
„Од МРТВ, која има обврска најмногу да известува, ние сме отстранети. Се чувствуваме дека нас не нема во тој сервис кој треба да им служи на граѓаните. Затоа ги повикувам медиумите да не следат и покрај тоа што државните органи имаат одбивност кон нас, тие да ни се придружат и да истражуваат појави кои заслужуваат да бидат јавно презентирани“, изјави обдусманот Иџет Мемети.
Цел на истражувањето биле телевизиите Сител, 24 Вести, Телма и првиот канал на МРТВ како и нивните интернет страници, потоа „Утрински весник“, „Слободен печат“, „Дневник“ и „Вечер“ со нивните интернет страници и порталите А1он, Плусинфо, Република и Курир.
Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет истакна дека одредени субјекти уште не можат да сфатат дека Народниот правобранител е потсетник на власта каде греши и како да се поправи, а многу често неговите критики од власта се разбрани погрешно.
„Бројката од 4.000 претставки упатени до омбудсманот сама по себе е огромна, а мал број се прифатени од власта“, рече Пировска.
НФО Инфоцентар, Хелсиншкиот комитет и канцеларијата на Народниот правобранител денеска потпишаа меморандум за соработка, проект поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, со кој ќе се следи работата на омбудсманот.