Поради сообраќајна незгода во близина на г.п. Блаце, кај местото Влаживир, сообраќајот е во прекин, соопшти вечерва АМСМ.
Оттаму соопштија дека има забранa за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Ресен – Битола, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, како и на планинскиот премин Пресека.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Снег со слаб интензитет паѓа во целата држава, освен во источниот дел.
Временска прогноза
Утре ќе се задржи претежно облачно со повремени врнежи од снег, во источните и јужните делови претпладне поинтензивни. Снежната покривка од овој снежен бран насекаде ќе се зголеми, на места
за 20 до 30 cm. На запад врнежите претпладне постепено ќе престануваат, а до крајот на денот ќе
завршуваат и на исток. Во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно, а утринските
температури ќе бидат во опаѓање, соопштија од УХМР.