НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алармантно: Деца исчезнуваат –државата не може да ги заштити

0
By Менче Атанасова Точи on May 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Околу 22 илјади деца дневно или 8 милиони годишно исчезнуваат во светот. Овие застарашувачки податоци од Интернационалниот центар за исчезнати и киднапирани не се доволен аларм некои држави да развијат механизам за пронаоѓање на исчезнатите деца за кои постои голем ризик дека може да бидат искористени за проституција, питачење, трговија со органи предупредуваат во Првата детска амбасада Меѓаши.

-Доколку некое исчезнато дете не се пронајде во рок од 96 часа постои голема веројатност дека е однесено надвор од границите на државата изјави Јана Зенговска психолог и координатот на СОС линијата за деца и млади во Меѓаши.

Во Македонија нема официјални податоци колку деца досега исчезнале од државата, ниту пак доволно се алармира за ова проблематика. Неофицијално се зборува за бројка од околу 200 деца кои исчезнале во последните три децении. На официјалната веб страна на МВР има фотографии од четири исчезнати деца чии родители дозволиле да бидат објавени нивните податоци. Од Меѓаши предупредуваат посериозно да се работи на оваа проблематика. Тие во моментот работат на добивање на европскиот број 116 000 на кој децата и родителите ќе можат 24 часа да се јавуваат за веднаш да бидат известени во МВР и службите кои се занимаваат со оваа проблематика во Европа.

-И родителите треба да се во тек со новото време, да не ги пуштаат децата до десет годишна
возраст сами надвор. Доколку се излезени да се движат во група заедно, а ако некое дете се најде во раце на непознато лице треба веднаш да алармира, да вика гласно, да го удри или избега доколу може вели Зенговска.

Нема информации ниту колку деца досега се пронајдени. Неофицијалните податоци говорат дека исчезнатите деца од Куманово се пронајдени во друга држава, а за девојчето од Мариово имаше податоци од МВР кои ја збунија јавноста, за подоцна да настане комплетен молк за овој случај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.