Централното претседателство на Демократската унија за интеграција утревечер ќе одлучи дали ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, дознава НОВА. На ова ќе му претходи состанок на потпретседателството на ДУИ кој што ќе се одржи денеска во Мала Речица во седиштето на ДУИ. Извори за НОВАТВ во партијата велат дека се очекува потпретседателите Теута Арифи, Невзат Бејта, Изет Меџити и Садула Дураку да останат на своите претходни ставови – дека не смее да се случи коалиција со Груевски. Вести во една минута на НОВА на македонски и на албански јазик.