Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпионскиот софтвер оди преку Телеком

0
By Сашка Цветковска on May 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 27, 2013 16:40


Провајдер на шпионскиот софтвер Финфишер кој овозможува следење на активностите на граѓаните на компјутер и на мобилен телефон е Македонски телеком, но се уште е непознато која институција го нарачала.

Во извештајот на истражувачката група Ситизен Лаб од универзитетот од Торонто во Март годинава беше објавено дека дел од државите кои го набавиле контроверзниот софтвер за шпонирање е и Македонија, за во Мај да го дополнат извештајот и со информации за провајдерот на овој софтвер и известуваат дека серверот користи ИП адреса од Македонски Телеком.

НОВА испрати писмено барање до компанијата да одговорат на чие барање е поставен серверот, но до објавувањето на овој текст одговорот не стаса, иако од службата не известија дека ќе го разгледаат прашањето и ќе одговорат.

Одговор се уште нема ниту од Владата на Република Македонија. Прашањата на писмено беа испратени до портпаролот Александар Ѓеоргиев, а од него НОВА побара да одговори дали и која институција е нарачател на софтверот или доколку евентаулно не знаат, дали тие како крупен акционер во Македонски Телеком ќе се заложат компанијата транспарентно да го објави сопственикот и нарачател на овој софтвер со кој лесно и непречено можат да се шпионираат граѓаните, односно да се кршат основните човекови права.

Одговорите се уште ги чекаме. Според извештајот на Ситизен Лаб овој софтвер го купуваат влади и држави институции и целта на истражувањето е да покаже кои држави ги шпионираат граѓаните.

ЗОШТО Е ОПАСЕН ФИНФИШЕР

Легален софтвер за нелегална шпионажа и моќна алатка во рацете на владите– ова би бил најкусиот опис на сотфверот Финфишер согласно истражувањето на Ситизен Лаб. Софтверот се користи за надгледување на мобилни телефони, емаил, интернет пребарувачи, а на корисникот може да му овозможи целосна контрола врз вашиот компјутер или телефон, односно постојано да гледа што правите, со кого се допишувате, со кого разговарате, што пребарувате, пишувате, читате или буквално се – како тој да седи пред вашиот компјутер, а не вие.

А она што го прави овој софтвер единствен е неможноста да откриете дека сте следени бидејќи ниту еден антивирус не може да го декетира. Истиот се инсталира откако ќе добиете порака за апгрејдување на некој од постоечките програми.

Во моментот кога ќе дозволите тоа, а не сте во можност да распознате дека станува збор за вирус, оној кој го користи софтверот може да следи се што правите, па дури и типкањето на тастатурата.

Финфишер е произведен од германската компанија Еламан ГМБХ во партнерство со британската групација Гама Груп Интернешнл.

Во колумна за Радио Слободна Европа Арангел Ангов, експерт за слободен софтвер, помеѓу другото открива дека македонскиот амбасадор на земјава во Германија барал заинтересирани компании во Македонија за пласирање на производите на компанијата – производител на софтверот Еламан ГМБХ

“Финфишер не е софтвер кој што можете да го симнете од интернет туку-така, се работи за софистициран и скап софтвер произведен од германската компанија „Еламан гмбх“ која што е во партнерство со британската групација „Гама груп интернешнл“, која што пак благодарение на македонскиот амбасадор во Сојузна Република Германија, според веб сајтот на Стопанската Комора на Македонија, барала заинтересирани компании и институции во Република Македонија за да им ги понуди своите производи”, пишува Ангов.

Вкупно 36 земји во светот го имаат набавено овој софтвер, а освен режимски земји, меѓу нив и многу европски држави како Чешка, Холандија и Бугарија, за која во извештајот е наведено дека серверот е поставен во бугарското министерство за администрација.
Меѓународната организација Репортери без граници ја смести компанијата Гама на листата на “непријатели на интернетот” и “дигитални платеници”.

Во видеото можете да погледнете како се инсталира и како функционира Финфишер, а кое Викиликс го подготви за да ги информира граѓаните низ светот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.