НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Видео: Филип Петровски турка микрофони на прашање за двојазичноста

0
By Нова ТВ on January 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филип Петровски вечерва при влезот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ одби да одговори на новинарските прашања и при влезот со раката ги оттурна микрофоните во негова близина.

Новинарите го прашуваа за шпекулациите во однос на евентуалниот договор за двојазичност помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и дали е постигнат договор за нова коалиција.

За разлика од Петровски, Антонио Милошоски при пристигнувањето во партијата им се обрати на новинарите и даде кратка изјава пред камерите.

Според Милошоски, се уште не се донесени одлуки за евентуална коалиција и вечерва ќе се одлучуваат следните чекори.

„Вечерва ќе одлучиме што и како ќе правиме, не можам ништо да соопштам се додека не почне Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и тогаш ќе се дискутираат сите опции“, рече Милошоски кој одбегна да ги коментира информациите кои се објавуваат во медиумите за преговорите и состанокот кој се одржува во ДУИ.

Во моментов во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат повеќе високи функционери за закажаниот состанок на Извршниот комитет на партијата.

Повеќе медиуми известија дека на состанокот ќе се соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договориле за влада, но со оглед дека состанокот на претседателството на ДУИ се уште не е завршен и оттаму ги демантираа овие информации, засега е неизвесен исходот од преговорите.

Во медиумите се објавија шпекулации дека ВМРО-ДПМНЕ го прифатило барањето на ДУИ за двојазичност на цела територија на земјата, претседателското место во Собранието како и шест министерски места во новата влада.

Вечерва на полноќ истекува рокот за Никола Груевски да формира влада. Во последните денови се водат интензивни преговори од страна на ДУИ и со ДПМНЕ и со СДСМ, но јавноста имаше малку информации за деталите во преговорите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.