НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каква е атмосферата во ВМРО-ДПМНЕ додека Македонија чека одговори

0
By Сашка Цветковска on January 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва пред ВМРО-ДПМНЕ е невообичаено полно со народ. Пред  таканарачената „златна палата“, како што опозициските критичари ја нарекуваат скапата барокна зграда која од неодамна го претставува партиското седиште на власта, обично не може да се види со отворена врата и врвулици на луѓе. До неодамна дури и партиските прес конференции се случуваа на друга локација.

На едвај два часа до истекувањето на рокот на мандатарот Никола Груевски да формира влада, високи функционери на партијата, но и членови од општинските организации на ВМРО-ДПМНЕ се собираат во седиштето на партијата. Доаѓаат членовите на Извршниот комитет, но и градоначалници, министри, членови на Совети, пратеници, директори на јавни претпријатија и агенции и обичното членство. Партискиот врв веќе со часови е во седиштето, за што сведочи и фотографијата на телевизијата „21“ којашто го улови претседателот Груевски како ѕирка од прозорците.

Се собираат и претседателите на партиите кои беа дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Слободан Угриновски од Титовите леви сили беше забележан два пати – првиот пат во неформална облека излезе од партијата, за по еден час да се врати видно дотеран во костум кој би можел да се носи при свечени прилики.

Прашањето за двојазичноста болно за Филип Петровски

Единствениот кој прифати да зборува со новинарите, макар накратко, беше Антонио Милошоски.

Вечерва ќе одлучиме што и како ќе правиме, не можам ништо да соопштам се додека не почне Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и тогаш ќе се дискутираат сите опции“, рече Милошоски кој одбегна да ги коментира информациите кои се објавуваат во медиумите за преговорите и состанокот кој се одржува во ДУИ.

Некои од членовите на партијата кои влегуваа во седиштето ги поздравуваа новинарите дофрлајќи оптимистички пораки. „Ајде. ќе биде“ (веројатно мислејќи на тоа дека ќе вечерва ќе бидне влада) или „Ќе има бел ден, ајде, ајде“.

Нервозен беше единствено директорот на Археолошкиот музеј, Филип Петровски, кој нервозно ги турна микрофоните на новинарите кои му поставуваа прашања во врска со шепкулациите за договорена двојазичност помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Провладините медиуми ги нема

Вечерва во ДУИ се „крчка“ нивната одлука, во ВМРО-ДПМНЕ се чека почетокот на Извршниот комитет, а цела држава е во исчекување. Во овие важни моменти кога треба да се одлучи дали и кој ќе ја прави новата влада, новинарските екипи, природно, се распоредени пред партиските штабови за да известуваат и да следат што се случува. Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ има многу новинари, но не и оние од таканаречените провладини медиуми. Ги нема ни таквите портали ниту, пак, националните телевизии „Сител“, „Алфа“, „Канал5“, па дури ни јавниот сервис МТВ.

Единствени околу 21 30 се појавија ТВ НОВА, но само за да одржат јавување во живо.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.