Политиката на САД кон Македонија не е променета, ова го изјави официјален претставник на Вашингтон за Гласот на Америка на албански јазик откако американскиот конгресмен Дана Рорабахер во интервју за телевизискиот канал „Визион Плус“ зборуваше дека Македонија не е држава и треба да се подели.
“САД гo признаваат и подржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Оваа позиција не е променета”, рекол претставникот на Стејт Департменот за гласот на Америка на Албански јазик.
Ова е втора изјава во 10 дена на Стејт Департментот дека политиките на Македонија кон САД се непроменети откако претходно тие излегоа во одбрана на амбасадорот Џес Бејли по нападите од други конгресмени кои го обвинија дека се дејствувал на своја рака, а не согласно политиките на Белата куќа во земјава.