Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без граѓаните нема добар закон за заштита на животни

0
By Нова ТВ on May 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 30, 2013 10:49


Без вклучување на граѓанскиот сектор, нема квалитетен закон за Заштита на животните, а уште помалку негова имплементација, дециден е Едоардо Гандини, правниот експерт од Европската Унија кој деновиве престојува во земјава. Носењето на новите законски измени со европско знаменце е позитивен чекор напред, вели правникот кој e претставник на најголемите светски асоцијации за заштита на животните, но додава тој, не е доволно тие само да се преведат и да останат на хартија.

Изминатиов период експертот ги чешлаше предлог измените на Законот за заштита и благосостојба на животните кои македонските институции брзаат да ги донесат. Бројни забелешки за нив имаат и Гандини и македонските граѓански здруженија кои се борат за правата на животните. Позитивен пример за Анима Мунди е воведувањето на забраната за циркуси со животни и за одгледување животни за крзнената индустрија во Македонија. Новиот правилник кој наложува регистрација и идентификација на животните исто така е добра мерка, велат од здружението, но тука завршуваат добрите решенија.

За потребата од вклучување на граѓанските здруженија во заштитата на животните говори и последниот случај кога на Станко насилно му беше одземен Скаут, бездомното куче кое тој го спаси од сигурна смрт. Благодарение на силниот притисок на активистите кои открија дека кучето е земено од шинтер во Вардариште, деновиве Скаут му беше вратен на сопственикот.

Истовремено, додека Европа разговара за единствен европски регистар за бездомни животни и воведувањето полицијата за животните, кај нас и во единствениот стационар во кој се третираат бездомните кучиња, влезот за граѓанските здруженија со години е затворен. Оттука прашуваат од Анима Мунди, за каква транспарентност и контрола врз постапувањето со животните зборуваме во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.