Published: Friday, February 10, 2017 12:25
Сојузниот апелациски суд во САД одби да ја врати на сила извршната уредба на американскиот претседател Доналд Трамп, со која на патниците од седум држави со мнозинско муслиманско население им се забранува влез во САД. На оваа одлука веднаш реагираше Трамп , кој на Твитер напиша: „Ќе се видиме на суд. Безбедноста на нашата земја е во прашање“.




