Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По изборите телевизиите известуваат по старо

0
By Нова ТВ on February 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 10, 2017 18:35

По изборите телевизиите во Македонија се вратија на стариот начин на известување, вели извештајот на МОДЕМ, Институт за комуникациски студии.

Институтот анализирал 12 телевизии: МТВ1, МТВ2, Сител, Телма, 24 Вести, Канал 5, Алфа, Алсат М (на македонски и на албански јазик), ТВ 21 (на македонски и на албански јазик) и ТВ Нова.

“Медиумската слика за политичкиот плурализам во Македонија останува иста како и пред предвремените парламентарни избори. Откако заврши предизборниот период од 100 дена, во кој имаше посебни правила за медиумите, најголемиот број телевизии се вратија на својата стандардна уредувачка политика” вели извештајот кој ги набљудувал известувањето на телевизиите во Македонија од 16 до 20 и од 23 до 27 јануари 2017 година.

“Tелевизиите 24 Вести, Телма, Алсат М и ТВ 21 продолжија да ги следат политичките случувања од неутрална позиција и критички да ги опсервираат, со посебен акцент на работата на јавните институции, додека кај телевизиите Сител, Алфа, ТВ Нова и Канал 5 повторно доминираат ставовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и известувањата за проектите и за достигнувањата на нејзините функционери.

Исклучок е МТВ каде што и покрај престанокот на мандатот на уредникот назначен од опозицијата, во најголем дел продолжи непристрасното известување за главните политички и општествени случувања”, вели МОДЕМ.

Формирањето на новата влада било доминатно во прилозите на телевизиите но имало разлики од начинот на известување:

“Во вестите на МТВ 2, Алсат М и на Телма се емитуваа најмногу прилози на оваа тема, додека на 24 Вести и ТВ 21, следењето на работата на јавните институции беше приближно еднакво застапено со неа.

Во вестите на Канал 5, Алфа и Сител темата за формирање нова влада беше еднакво или помалку застапена со промоцијата на проектите и мерките на се’ уште актуелната влада и на општините.Без оглед на тоа што во мониторираниот период не беше избрана нова влада, а старата имаше мандат само технички да ја извршува функцијата, и без оглед на тоа што пред истекување е и мандатот на локалната самоуправа, овие три телевизии известуваа за проекти и мерки кои главно доаѓаа од партијата ВМРО-ДПМНЕ и претставувајќи ги како нешто што сигурно ќе се спроведе.”

Разлики се забележани и во информирањето за активноста на СЈО и невладините организации:

“Работата на Специјалното јавно обвинителство беше коректно проследени од Телма, 24 Вести, Алсат М, ТВ 21 и МТВ 1 и 2, додека на Канал 5, Алфа, Сител и ТВ Нова ова обвинителство беше проследувано низ призмата на партијата ВМРО-ДПМНЕ, која го смета за свој политички противник.

Други најзастапени непартиски субјекти на Телма, 24 Вести, Алсат М, ТВ 21 и МТВ 1 и 2 беа државните и локални институции, чија работа често критички се опсервираше дали успеваат или потфрлаат да си ги исполнат своите обврски кон граѓаните, (во актуелниот период доминираа темите за проблемот со загадувањето на воздухот, справувањето со снегот, извештаите за корупција и други), без да им се дава партиски белег.

На Алфа, Сител, Канал 5 и ТВ Нова, пак, невладините организации и фондации беа меѓу најзастапените непартиски субекти, во рамките на покривањето на т.н. процес на десоросоизација што го најави ВМРО-ДПМНЕ, а кој опфаќа борба против граѓанските здруженија што се критички кон власта или кон состојбите во државата, а имаат странска или меѓународна финансиска поддршка.”

МОДЕМ е поддржан од Британската амбасада во Македонија и повеќе информации ќе најдете на овој линк.

 

анализа медиуми Модем
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.