НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се покажавме пред Европа, сега ги освојуваме Филипините

0
By Нова ТВ on May 30, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врз основа на „зголемената економска извозна моќ“ и „точка која претставува влез кон европските пазари“ Македонија влегува во азиско-пацифичкиот регион, воспоствувајќи трговски врски со партнери на Филипините, пишува тамошниот „Business Mirror“ од Манила.

Извршниот директор на Македонскиот трговски совет за Азија и Пацификот, Владимир Кофчегарски, неодамна присуствуваше на Меѓународниот саем на храна во Манила, при што се сретна со претставниците на тамошната индустрија и на владата. За оваа организација се вели дека е „независен, непартиски „think tank“, кој треба да го создаде и промовира македонскиот бренд во регионот на Азија и Пацификот“.

Кофчегарски истакнал дека филипинската економија расте 6,6 отсто годишно, раст кој е воден од зголемената популација од 98 милиони жители, што создава растечка побарувачка за увоз на храна и пијалоци, како и други производи за широка потрошувачка, кои достигуваат 1 милијарда долари годишно.

– Филипините повеќе не се болниот човек на Источна Азија, туку растечки тигар – изјавил Кофчегарски.

Откако го анализирал овој пазар во период од една година, тој смета дека е вистинско време за влез, зашто предвидува дека Филипините ќе остварат двоцифрен раст во следните 5 години.

– Ова е пазар од речиси 100 милиони жители со голема доверба на потрошувачите и многу млада и динамична популација, која се стреми кон увозни и готови прехранбени производи што Македонија може да ги понуди – вели тој.

Македонија има постигнато многу од својата независност во 1991 година, откако веќе ја докажа својата „извозна моќ“ преку трговските односи со Германија, Италија, САД, Русија и Турција, пишува весникот, додавајќи дека азиските пазари се очигледен следен чекор.

– Европа е многу мал пазар за нас – објаснува Кофчегарски. „Ние не можеме да дозволиме да зависиме од пазар од 650 милиони лица, споредено со можни 4 милијарди“, додава тој.

Кофчегарски вели и дека „нашиот извоз го зацементира нашето место во Европа, но Македонија е способна да влезе и на поголеми пазари“.

– Ние веќе се сретнавме со клучните играчи на IfeX саемот во Манила за да ги промовираме македонските извозни производи со очекување да ги видиме на полиците на овдешните супермаркети пред крајот на годината. Исто така, како дел од нашата двонасочна економска програма, ќе ја понудиме нашата логистика и експертиза преку користење на македонската централно-европска локација како евтина влезна точка за филипинскиот извоз во Европа – вели Кофчегарски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.