Руското Министерство за надворешни работи, како провокација го оцени текстот на македонската редакција на Дојче веле кој, како што се наведува имал за цел „да се наруши рускиот имиџ на Балканот и дополнително да ескалира ситуацијата во Македонија“. ТАСС пренесува дека текстот се обидел да му ја припише на шефот на руската дипломатија Лавров идејата за поделба на Македонија, неодамна изнесена од американскиот конгресмен Рорабакер. Вести на НОВА на македонски и на албански јазик.