Во документарниот фил „Денови на убивање – Предор“ кој Ал Џезеира Балкан го изработи по повод 20 години од масакрот кај Предор во 1992 година, за прв пат пред јавноста се откриваат екслузивни снимки од службите на јавната безбедност во Предор снимени на 4 Септември 1992. На снимката се гледа како припадници на српската полиција ги отстрануваат телата на убиените Хрвати и Бошњаци со цел да се сокријат трагите од бруталната егзекуција од 21 август во Предор.
Пред 20 години српските власти во Предор, поддржани од ЈНА издадоа наредба според која сите Бошњаци и Хрвати мораа да ги одбележи нивните куќи со бели чаршафи, а рацете со бела лента. Потоа следат прогони и убиства. Според проценките на ОН во општина Предор биле убиени и исчезнати најмалку 3227 луѓе, вклучувајќи 256 жени и 102 деца. Случувањата во Приедор се сметаат за едно од најголемите злосторства извршени на територијата на БиХ.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Видеото содржи вознемирувачки снимки.