Се заблагодарувам на сите потписници на иницијативата за моја повторна кандидатура за лидер, но немам намера да се кандидирам и не ја прифаќам кандидатурата, рече досегашниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, во своето обраќање на Конгресот на Партијата, кој се одржува денеска во Скопје.
– Сакам нов СДСМ, кој ќе носи победи. Многу жалам што не успеав да го донесам до победа, тоа го сонував, само Господ ми е сведок колку го посакував тоа. Жалам и што не успеав да го наметнам мојот став да се бојкотираат локалните избори, да се напушти Парламентот, пратеничките места, советничките места. Тоа да го направевме ќе се подготвувавме за предвремени избори во овој момент – истакна тој.
Црвенковски ги спомена и затворените медиуми како А1, но и останатите, како и нарушената слобода на медиумите во земјава.