Ердоган: Твитер е најголемата опасност за општеството
Мина уште една драматична ноќ во Истанбул. Демонстрантите не отстапуваат од позициите и покрај масивната акција на полицијата во која се користaт солзавец и шмркови. Турските протестанти се судриле со полицијата денес во раните утрински часови, а запален бил штабот на владеачката партија. Според некои информации дел од демонстрантите се упатиле и кон зградата во која е сместен кабинетот на премиерот Ердоган.
И покрајк молкот на најголемите медуми во Турција за овие случувања демонстрантите се активни на социјалните мрежи. Премиерот Ердоган социјалната мрежа Твитер ја прогласи како една од најголемите опасности за општеството иако неговиот кабинет активно ја користи оваа социјална мрежа преку која демонстрантите ги обвинува за екстремизам.
Изминатата ноќ посебен впечаток направи обединувањето на фанатичните навивачи и лути ривали, навивачите на неколку фудбалски клубови од Истанбул. Известувачите од теренот јавуваат за нови повредени и уапсени демонстранти.