Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

А за што навистина служи оваа смешна администрација?

0
By Биљана Секуловска on April 25, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

А вие, за што вие служите во животот? Со овој наслов, весникот “Шарли Ебдо” им се обраќа на сите оние кои до вчера ги презираа професиите кои им припаѓаат на услужните дејности- како касиерките, на пример. “Ако не учиш- ќе станеш касиер/ка, или чистач/ка”- оваа иста клетва за која пишува весникот, денес покажува елементарно непознавање на општествените процеси, како навистина функционираме, која е нашата вистинска улога во тоа општество, дали воопшто имаме вистинска вредност- за да придонесуваме на најцелисходен начин.

Но, од март оваа година, токму “овие невидливи луѓе станаа херои на нацијата”- пишува весникот, тие касиер(к)и кои работеа под застрашувачки притисок, во неиздржливо, неверојатно темпо.

Без нив не би било можно да се преживее оваа Корона криза.

Токму и затоа, германската канцеларка Меркел во еден од нејзините први говори, се разбира, освен на здравствените работници, не заборави да изрази почит,  да им се заблагодари и токму на нив- на луѓето кои ни обезбедуваат храна, на сите тие херои без кои не може да опстанеме.

Всушност, се работи за едно британско истражување од пред десет години, на New Economics Foundation, кое ја мерело исплатливоста на професиите, зависно од нивната корисност, потребност во општеството.

Ова истражување ја акцентира потребата да се преиспита значењето и целисходноста на одредени професии, но и колку самите тие се навистина валоризирани, вреднувани, во финансиска смисла и конечно, колку тие пари се враќаат повеќекратно, или пак се тотална загуба, кога ќе се измери нивната важност.

Во вакви услови е јасно дека паразитите денес имаат имиња, тоа се нивните професии кои им го покажуваат местото во општеството. Секакви консултанти, агенти, експерти, секако и онаа македонска администрација која ги полни социјалните мрежи со слики на кулинарските делиции, замислува дека поседува навистина значајни, корисни вештини, се тркала по парковите со своите деца, ни ја покажува самата, сопствената бесмисленост, ни го губат времето нам, ни го губат самиот живот.

Оваа криза е последното предупредување до оваа и секоја власт- да се ослободи од товарот од огромната администрација, од сите оние измислени, непостоечки вусшност- агенции, заменици директори, надзорни, управни, какви се не тела и органи, кои не водат никаде, освен кон целосен колапс на економијата, на државата, на граѓаните кои навистина допринесуваат и заработуваат за сите овие паразити да ни се потсмеваат со сопствената бесполезност.

Тие се губитниците, кои не служат практично за ништо, измислени професии и работни места кои не можат да преживеат без вистинските херои, оние кои имаат вредност во општеството. Оние кои се грижат да ни обезбедат храна, оние кои ни ги чистат и метат улиците, оние кои ни го собираат ѓубрето, сите оние за кои сметавме, замислувавме дека се паразити и живеат од нашите пари, од даноците кои ги издвојуваме за нив.

А всушност, што се случи- без нив, без овие луѓе кои имаат клучен општествен допринос, вистинските паразити “не би  преживеале долго време, со вирус или без него”-  сурово ни објаснува”Шарли Ебдо”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.