Кошаркарите на МЗТ Скопје со победнички влез во шестата сезона во АБА лигата. Аеродромци во премиерата го совладаа Партизан со 92:89 (по четвртини: 26:25, 16:23, 21:19, 29:22) и најавија поинаква своја улога во новиот регионален шампионат за разлика од претходниот, но и јасно дадоа до знаење на конкуренција дека лесни бодови во СЦ „Јане Сандански“ ќе нема.
Триумфот над големиот ривал од Белград беше осигуран во последниот период што домашните го решија во своја корист со 29:22. Дури пет играчи во ростерот на Александар Тодоров завршија со двоцифрен број поени. Ги предводеше Дамјан Стојановски со 25, Бојан Трајковски уфрли 20, Ерик Гарсија постигна 17, Даниел Јансен 14 и Јуре Лалиќ 10.
Прв стрелец меѓу „црно-белите“ беше Новица Величковиќ со 16 коша, Патрик Милер, Најџел Вилијамс и Михајло Андриќ додадоа по 12 додека петорката двоцифрени и во тимот на Мирослав Николиќ ја комплетира Марко Чакаревиќ со 11 поени.
Цедевита, претходно во Загреб, славеше над ФМП со 74:67 (по четвртини: 17:24, 22:13, 22:12, 13:18).
Во останатите дуели од првото коло ќе играат Будуќност – Задар (сабота, 21 ч.), Мега Бемакс – Цибона (недела, 19 ч.), Црвена звезда – Морнар (недела, 21 ч.) и Петрол Олимпија – Игокеа (понеделник, 21 ч.).
МЗТ Скопје Аеродром – Партизан 92:89
По четвртини: 26:25, 16:23, 21:19, 29:22. Сала: СЦ „Јане Сандански“. Гледачи: 2,500. Судии: Саша Пукл (Словенија), Милош Кољеншиќ (Црна Гора), Денис Хаџиќ (Хрватска).
МЗТ Скопје Аеродром: Митев, Гарсија 17, Стаиќ, Јансен 14, Мекиќ, Лалиќ 10, Пенов, Трајковски 20, Мамузиќ, Д. Стојановски 25, Маслинко, Бејли 6. Тренер: Александар Тодоров.
Партизан: Милер 12, Вилијамс Гос 12, Тадиќ, Маринковиќ 8, Танасковиќ, Величковиќ 16, Томиќ 2, Пецарски, Гавриловиќ 7, Андриќ 12, Чакаревиќ 11, Шалиќ 9. Тренер: Мирослав Николиќ.