Белгискиот Крал Алберт Втори, ја објави својата абдикација.
Во националното телевизиско обраќање на 79-годишниот монарх, тој изјави дека ќе се повлече во корист на неговиот син принцот Филип, 53, на 21 јули, националниот ден на Белгија.
Тој рече дека неговата здравствена состојба веќе не е доволно добра за да ја исполни својата должност и дека ќе се повлече по речиси 20 години на тронот.
Кралот Алберт положи свечена заклетва како шести крал на Белгијците на 9 август 1993 година.
Неговото доаѓање на престолот следеше по смртта на неговиот брат, кралот Бодуен, на возраст од 62.
“Сфаќам дека мојата возраст и моето здравје веќе не ми дозволуваат да продолжам со моите должности како јас би сакал”, рече тој во своето обраќање.
“Принцот Филип е добро подготвен да ме наследи.”
Кралот Алберт се сретна кабинетот на белгиската влада претходно денеска за да ги информира за својата одлука, јави белгиската државната телевизија.