Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Абдулах Сидран ќе биде прогласен за Почесен поет на Скопје

0
By Нова ТВ on June 18, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истакнатиот босански поет и филмски сценарист Абдулах Сидран ќе биде прогласен за Почесен поет на Скопје, на меѓународната манифестација „Празник на липите“ што ќе се одржи на 24 јуни во Друштвото на писателите на Македонија. Почесното признание на Абдулах Сидран ќе му го предаде градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, кој е покровител на манифестацијата „Празник на липите“.

Абдулах Сидран е автор на богат поетски опус во кој значајно место заземаат стихозбирките „Сараевска збирка“, „Болест од душата“ и „Песни после војната“. Добитник е на повеќе книжевни признанија во Босна и Херцеговина и во светот. Еден е од најзначајните современи филмски сценаристи. Познати се неговите филмови „Се сеќаваш ли Доли Бел“ и „Татко на службен пат“, во режија на Емир Костурица.

Абдулах Сидран и македонскиот поет Бранко Цветкоски се годинашни добитници на наградата за творечки опус „Книжевен жезол“. Ова признание до сега го добија истакнати странски автори, меѓу кои: Вјачеслав Купријанов од Русија, Иво Одехнал од Чешка, Жак Гошрон од Франција, Адам Пуслоиќ од Србија, Анте Стамаќ од Хрватска, Марјан Гжешчак од Полска, како и македонските поети Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Јован Павловски, Катица Ќулавкова и други.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.