Законот за забрана за абортус стапи во сила во уште три американски држави. Како што пишува „Вашингтон пост“, на 21 милион жени сега им е забранет или значително ограничен приспапот до абортус во најмалку 13 држави.
Тенеси, Тексас и Ајдахо, каде на власт се републиканци, се придружија во низата држави што донесоа привремени забрани.
Одлуката предизвика политичка бура и го стави прашањето за абортусот во центарот на кампањата за среднорочните парламентарни избори, закажани за ноември.