Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АД ЕСМ испрати писмо со намери за вложување во нуклеарката „Белене“

0
By Нова ТВ on September 10, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
ID:3416670
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

АД Електрани на Северна Македонија испрати писмо со намери за вложување во изградбата на бугарската нуклеарна електрана „Белене“, потврди денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачески.

-Владата како државна компанија ни даде задолжение АД ЕСМ да биде носител на овој проект и на 22 август испративме писмо со намери да бидеме дел од малцинскиот акционерски капитал  на оваа нуклеарна електрана со можноста до максимум 10 проценти на акционерки капитал и можноста да откупуваме базна енергија до 10 проценти во времетрањење на производството на оваа нуклеарна електрана, рече Ковачески по денешната средба во Министерството за економија со ресорниот министер Крешник Бектеши на која се разговараше за тековните проекти во енергетиката.

Тој посочи дека капацитетот на нуклеарната електрана „Белене“ е проектиран на 2.000 мегавати што значи дека државата ќе може да искористи максимум 200 мегавати што е еквивалент на еден блок во РЕК Битола.

-Во моментов се уште ги немаме точните проценки колку би чинела изградбата на нуклеарната електрана, но можеби би стигнала и до 20 милијарди евра. Значи дека ние максимум би можеле да вложиме до две милијарди евра. Треба да се земе предвид дека имале неколку неуспешни обиди за изградбата на нуклеарната електрана. Сепак, треба точно да се направи проценка колку реално ќе чини и колку ние би учествувале во нејзиното финасирање, прецизира Ковачески.

Министерот Бектеши посочи дека Владата и АД ЕСМ покажале интерес и дека ќе купуваат 10 отсто од електричната енергија што ќе биде произведена во „Белене“.

-Ќе почнеме разговори со другата страна за да може нашиот дел од инвестицијата да биде и „0“ ако најдеме заедничко решение за ние да покажеме дека како држава ќе купуваме 10 отсто од произведената електрична енергија во „Белене“ имајќи во предвид дека увезуваме над 20 отсто од потребите за струја, рече Бектеши.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.